Како може да се случи Серија А следната сезона да има 8 екипи во Европа?

Завесата во италијанскиот фудбал викендов ќе се спушти на мега возбудлив начин. Интер и Милан се борат за Скудето во последно коло, а доста неизвесно ќе биде и за излез на меѓународна сцена.

Милан, Интер, Наполи и Јувентус се сигурни учесници во Лига на шампиони, а Лацио во Лига Европа. Но има уште три екипи кои се во игра од кои две ќе играат во Европа, ама има и едно сценарио да одат сите три. Како?

Ако Рома заврши на осма позиција во Серија А и успее да го добие финалето од Конференциската лигата против Феенорд, тогаш како освојувач оди директно во ЛЕ. 

Во тој случај европски настапи обезбедуваат и Фиорентина и Аталанта. Едните како шести во ЛЕ, а другите како седми во Конференциска лига. Зависи од нивните резултати.

Сите комбинаторики на Рома од која на некој начин зависат и може да профитираат Фиорентина и Аталанта:

- Ако Рома вечерва го победи Торино на гости, обезбедува ЛЕ, затоа што со 63 бода би била недостижна за Фиорентина и Аталанта. 

- Во случај на реми ќе игра во Конференциска лига, ако една од двете екипи под нив не успее да победи. Ако победат двете, тогаш ќе брка Европа преку Тирана.

- Ако победи Феенорд и заврши осма, тогаш догодина Италијанците ќе имаат рекордни 8 претставници во Европа.

- Ако го победи Феенорд и заврши седма, тогаш три екипи ќе одат во ЛЕ и ниту една во Конференциска лига.

- Ако изгуби од Феенорд и заврши седма, пак ќе игра Конференциска лига.

Фиорентина како седма и Аталанта како осма имаат ист број на бодови, но Виолетовите се пред нив поради подобриот меѓусебен дуел.

Тоа значи дека Аталанта и со победа во последното коло може да остане без настап во Европа. Сè зависи од резултатите на другите екипи, особено на Рома.

Последно коло:

Торино - Рома
Аталанта - Емполи
Фиорентина - Јувентус

 

20 мај 2022 - 16:08