Васоски, Ѓошевски, Веселиновски, Гроздановски и бандата предводена од Стратев, тогаш си имаше работа со Фабио Капело кој располагаше со шампионски имиња како Тоти, Касано, Де Роси, Делвекио, Киву, Самуел, Мансини, Томази...
Франческо Тоти, Габриел Батистута, Винсент Кандела, Винчецо Монтела и Кафу. Ова е само дел од славната банда на едно подзаборавено Скудето, кое и го донесоа на Рома сезоната 2000/2001. Времиња.
Преку 30 години гледаме фудбал, вакво нешто не сме виделе до сега. Рома во 2. коло од Лига Европа против Лил успеа да промаши три пенали, односно еден ист кој судијата два пати го понови поради прерано влегување на играчи во шеснаесетникот. И тоа пазете, два обиди имаше Артем Довбик и еден Матијас Суле. Јунак на мечот е се разбира е голманот Берке Озер, кој им ги фати сите три. Лил победи 0:1.
Навивач на Рома очигледно ја згрешил улицата и влетал во погрешна зона во очи на римското дерби. Се играше во глупав термин од 12:30, за да се избегнат навечер инциденти. Но Рим е голем и невозможно е полицијата да има контрола насекаде.
Градската пресметка меѓу Рома и Лацио е посебно соочување, кое се доживува само два пати во една сезона. Тоа што го ставиле полицаецов во неделата втора смена е како бонус да му исплатиле. Победија неговите 2:0.
„Што мислиш за тоа што на мечот Монца - Рома судијата е од Рим?“, гласеше прашањето за тренерот на Монца, Алесандро Неста? Можеби е лацијал и ќе навива за нас, одговори изненадно поранешниот капитен на Лацио и додаде дека сепак не верува во задни намери, туку во добрината на луѓето.
Извршниот директор на Рома, Лина Солуку го претставни новиот голем проект на клубот, а тоа е нов стадион со футуристички дизајн, со капацитет од 55 до 62 илјади седишта. кој го планираат за 2027 година.
Баер Леверкузен и Аталанта вечерва со Даблин со почеток од 21 часот ќе се борат за трофеј во Лига Европа. Натпреварот со посебно внимание ќе го следат фудбалерите и навивачите на Рома.
„14 пати завршувате втори, последен пат сте биле први пред 23 години. Губите 7:1 од Манчестер Јунајтед, па 6:2. Се правите дека сте голем клуб, а освојувате трето по ранг европско натпреварување. Аталанта е поголем клуб од вас, се надевам ќе завршите во трета лига“. Абе ко навиен е.
На првиот дуел во Рим, навивачите на Рома извадија транспарент за Елизабета Втора со навредлива содржина. Oвие пак се решија да не одат со некој сериозен одговор и им вратија со мала заебанција, какви што ги има многу во Италија во однос на нивниот префинет начин на исхрана. На пример ќе те искараат ако ставиш кечап на пица или ако нарачаш капучино попладне, кое се пие исклучиво како дел од појадок.
Рома го совлада Брајтон со 4:0 во првиот осминафинален меч од ЛЕ. На трибините се појави банер кој не е за превод и кој веројатно е дел од протестите на некои навивачки групи против монархијата. Слично нешто направија и навивачите на Селтик кои една недела по смртта на Елизабета втора, на мечот против Шахтјор извадија транспарент на кој пишуваше „Fuck The Crown“, а потоа скандираа „Ако го мразиш кралското семејство плескај со рацете“.
Ретки сцени беа видени викендов во Серија А на мечот Рома - Фрозиноне. По еден ненамерен судир со играч на Рома, главниот судија се пожали на мускул и најверојатно го фатило грч.
На толку многу европски утакмици во четврток не знаеме кој е гол број 1, ама сигурни сме дека немаше појака акција од онаа на Рома кога го решија Шериф Тираспол со 1:2. Тешко да ги следиш, а не па да им ја земеш.
Навивачите на Рома се во транс поради новото засилување кое доаѓа на позајмица од Челси и со кое Мурињо добива опасен тандем во напад составен од Дибала и Лукаку. Ама немаа осет за време на пречекот и направија штета. Инаку белгискиот напаѓач пристигна со приватниот авион на газдата на Рома, Дан Фредкин, а пилот беше токму Фредкин.
Навивачите на Лацио на 26 мај ја одбележаа 10 годишнината од трофејот на единственото римско финале во историјата кое се случи во Купот на Италија и кое го реши Сенад Лулиќ. Денеска имаат нов материјал за вечните градски ривали. Им го открија клупскиот автобус спремен за славје, како и маиците. Тешко на Рома и нивните навивачи кои останаа без трофеј и пласман во ЛШ, па уште сега треба и да се оправаат на социјални мрежи.
Во 120 минутна војна со голема неизвесност, тензија, поништен пенал со ВАР, сомнително недосуден пенал и на крај финиш кој кулминираше со изведување удари од белата точка, Севиља ја сруши Рома на пенали со 4:1, после 1:1 во регуларните 90. Шпанија доби 5 претставници во ЛШ.
Рома загуби 2:1 на гостувањето против Наполи, а Елмас влезе во игра во 69-та минута. Задоволен од тимскиот дух, Жозе Мурињо побарал од играчите да овековечат една заеднична фотографија после поразот. Фудбалерите и не се нешто воодушевени од идејата.
Милан имаше водство против Рома од 2:0, ама во 87-ма и 93-та Рома стигна до конечни 2:2. На некој му текнало да сними и една ваква сцена за време на израмнувањето.
Дербито меѓу Рома и Лацио во Рим важи за меч на сезоната кој со душа го чекаат навивачите. Лацио го доби со еден гол, кој играчите го овековечија на семафорот во соблекувалната.
По 94 години историја, Рома се израдува на европски трофеј, трет според рангот на УЕФА. Мурињо и компанија пристигнаа во метрополатa која беше обоена во црвено жолта боја. По шампионската парада со отворен автобус, фудбалерите продолжија во тренинг базата, каде откачија со диско журка и фрлање во базен со се облека.