Лацијалите збеснаа во соблекувална и славеа со семафорот

Дербито меѓу Рома и Лацио во Рим важи за меч на сезоната кој со душа го чекаат навивачите. Лацио го доби со еден гол, кој играчите го овековечија на семафорот во соблекувалната.

Лацио славеше со голот на Фелипе Андерсон после кикс на Бразилецот Ибањез.

А на вечното дерби традиционално како и секоја сезона навивачките групи на двете екипи блесна со кореографиите.

Тој што ќе победи, обично оди на трето полувреме со навивачите.

 

По 13 кола густо е на табелата во Серија А. Разликата меѓу вториот и осмиот изнесува само 6 бода.

7 ноември 2022 - 08:35