Интересно во саботата на сите 4 меча славеа гостите. Алавес ја заокружи вечерта со голем аборба. Реал Мадрид имаше дури 23 удари кон противничкиот гол но реализацијата им беше катастрофална.
Притоа голманот на Алавес Антонио Сивера го имаше својот животен натпревар со неверојатни одбрани. На крајот гостите победија 1-2 и ја прекинаа серијата на Реал Мадрид од дури 10 победи по ред во сите натпреварувања.
Атлетико Мадрид е втор со 34 бода, Барселона е прва со 36 бода и плус натпревар помалку а Реал Мадрид е трет со 33 бода. Ако Барселона денес во недела го совлада Депортиво во Ла Коруња, ќе има 5 бода повеќе од Атлетико Мадрид и шест повеќе од Реал Мадрид.