Тој 24 септември 2003-та, ќе остане запишан како важен и голем ден во историјата на ФК Вардар. На Олимпико во Рим не се гостува секој ден. Тоа беше Рома со шампионски костур, бидејќи само две години порано го освои Скудетото.
Се сретнаа во 1. коло од Купот на УЕФА, каде вардарци се најдоа после елиминацијата од Спарта Прага во 3. коло од квалификациите за ЛШ.

Ја поминаа силната Спартак Москва, но не успеаа и Спарта, па натпреварите ги продолженија во второто во ранг клупско европско натпреварување.
Вардар беше силен во тоа време под водство на газда Брацо, но Рома важеше за апсолутен фаворит. Го имаше Фабио Капело, кој тогаш важеше за еден од најголемите тренери во светот, а тимот им беше страшен.

За Рома настапија: Зоти, Киву, Лима, Дакур (65’ Емерсон), Томази, Самуел, Д’Агостино, Кару, Делвекио, Де Роси (70’ Мансини), Делас. Плус ги имаа иконата Франческо Тоти кој остана на клупата, како и Пелицоли, Зебина, Касано, Кандела.
За Вардар играа: Јовчев, Веселиновски, Ѓошевски, Васоски, Блесинг, Грозданоски, Захариевски, Георгиевски (57’ Оливеира), Бранковиќ, Вандаир (72’ Спасовски), Брага (46’ Ристовски). Резерви беа Зекир, Трајчев, Начевски и Милевски, а тренер Зоран Стратев.

Тоа беше прв натпревар кој очекувано заврши 4:0 за фаворитот, а потоа следуваше и реваншот во Скопје кој заврши без 1:1.
