Васоски, Ѓошевски, Веселиновски, Гроздановски и бандата предводена од Стратев, тогаш си имаше работа со Фабио Капело кој располагаше со шампионски имиња како Тоти, Касано, Де Роси, Делвекио, Киву, Самуел, Мансини, Томази...
Вардар се врати на европска сцена ова лето, ама не успеа да ги врати навивачите. Играше меч од 2. квалификациско коло за Конференциска лига и тоа на денот на својот 79-ти роденден. На трибини двајца без тројца. Поранешниот вардарец Стефан Ристовски се огласи на социјалните мрежи.
Управата на Вардар ветува богата премија од 100.000 евра за фудбалерите во случај да ја елиминираат Рига во 2. квалификациско коло од Конференциската лига. Според напишаното на нивните официјални мрежи, човек ќе помисли дека веќе ја завршиле работата. Мечот се игра во среда во Скопје, а на 28 јули во Летонија.
Актуелниот шампион на Македонија за влакно не обезбеди пласман во 2. квалификациско коло од ЛШ. Го доби КуПС на гости 2:3, но дома загуби 0:2. Вардарци вратија со 0:2 во регуларните 90, а во продолженијата имаше дожд од голови. Паднаа 3 комада во само 6 минути игра.
По долга и мачна сага до немање пари за превоз и вода, а камоли плати, Вардар се врати онаму каде што му е местото. На шампионскиот трон. Миленко најави премија за јунаците од 250.000 евра.
Детал од официјалниот ревизорски извештај на ФК Вардар од пред некоја година. Ај што ревизорот на ФК Вардар е цреп, ама барем Миленко да прочиташе дека потпишува извештај напишан на темплејт позајмен од ФК Силекс?
Заврши репрезентативниот фудбал за годинава. Се враќаме на клупски. Налетавме на јак податок за Вардар. Со Македонија се гледаме здравје во март догодина.
За тоа колку бил силен Вардар во времето на Дарко Панчев, внимавајте на следниов податок: Во пет сезони (1983-1988), Вардар дома на 85 првенствени натпревари во времето на Југославија, имал само 5 порази. Јужна крцала, кафаните полни пред натпревар. Главна тема на муабет бил Вардар.
Фаворизираната Лозана падна на Градски, против тимот кој е влезен во долга серија од 21 натпревар без пораз. 1.60 беше двојката за гостинот од Швајцарија, а 4.10 за Вардар.
Вардарци одиграа 2:2 во реваншот против Ла Фиорита, но одат понатаму поради триумфот од 3:0 на Градски. Избраниците на Гоце Седлоски ја имаа победата в раце и на овој натпревар, но дефанзивецот Георгие Јанкулов по грешка го лобувааше својот голман во судиското продолжение. Во второто квалификациско коло од Конференциската лига Вардар се среќаваа со Лозана од Швајцарија. Првиот меч се игра на 24 јули во Скопје.
Релацијата Комити - Миленко е нефункционална со месеци, односно откако Неделковски е директор на клубот. Војната обично ја водат преку Фејсбук, а навивачите дополнително и со протести од трибини. Неодамна ги објавивме скандирањата на Комити против Миленко. Да го видиме сега неговиот одговор.
ФК Вардар успешно ја стартуваше европската авантура во Конференциската лига и славеше сo 3:0 над Ла Фиорита од Сан Марино во 1. квалификациско коло. Стрелци Омерагиќ, Јанкулов и Роџерс Мато. Реваншот е на 17 јули на гости.
Вардарци се на подготовки во Словенија пред квалификациите за Конференциската лига на 10 јули против Ла Фиорита. Го добија Будуќност од Подгорица со 3:0, па загубија од Олимпија, а во третиот дуел го совладаа Рапид Букурешт со 1:0. Јака левица на Закариќ.
Најтрофејниот македонски клуб Вардар има освоено вкупно 6 трофеи во Куп натпреварувањата. Од нив, еден во поранешна СФРЈ и пет по независноста. Првиот Куп трофеј е освоен на 26 мај 1961 година кога во финалето на Купот на Маршал Тито, на стадионот „ЈНА“ во Белград го победи хрватски Вартекс од Вараждин со 2-1.
Андон Дончевски ти е вистинска вардарова легенда. Најдобриот стрелец во историјата на ФК Вардар со 217 голови, го освои првиот незаборавен Куп на клубот, кој датира од 1961 година. Во финалето на Купот на Маршал Тито, Вардар на стадионот „ЈНА“ во Белград го победи хрватски Вартекс од Вараждин со 2-1. 64 години подоцна, чичко Дончо повторно се радува на истиот трофеј. На 89 години дојде од Австралија за да им даде поддршка на фудбалерите на Градски.
Изнамачениот ФК Вардар, конечно блесна во својот сјај. Го слави Куп трофејот после 18 години, откако во финалето на Градски ја совлада Струга Трим Лум со 2:0. Гачевски и компанија беа во делириум, ја прекинаа прес конференцијата и го избањаа нивниот тренер.
ФК Вардар конечно го прекина долгиот пост и после многу перипетии, сериозни финансиски проблеми и тонење на дното на табелата, слави важен трофеј кој му дава можност да се покаже и во Европа.
Резултатот од пријателската меѓу Вардар и Црвена Ѕвезда (1:3) е на последно место. Михаил Маневски со прекрасен удар му донесе водство на Вардар и голот му го посвети на загинатиот фудбалер Андреј Лазаров. Ѕвезда направи пресврт со головите на Илиќ, Катаи и Слепчевиќ. Скопје вечерва повторно беше град на солидарноста и хуманоста. Околу 25.000 гледачи купија билет за да помогнат на семејствата на загинатите во Кочани.