Со триумфот над Струга од 1:0, фудбалерите на Вардар ја освоија шампионската титула во 32. коло од Првата лига. Стрелец Стефан Цветковиќ во 5 минута.
Имаат 80 бода, 6 повеќе од Шкендија со која се среќаваат дома во последното коло на 24 мај.
Скорот им е 25 победи, 5 нерешени и само 2 порази со гол разлика 77-21.
Вардарци го враќаат шампионскиот пехар по пауза од 6 години, во која потонаа во голема финансиска криза, претрпеа промена на газди, повеќе тренери и многу играчи.
Најтрофејниот македонскиот клуб ја потврди доминацијата во мак фудбалот со рекордна 12 титула.
Сега го чекаат квалификации за Лигата на шампионите, додека Шкендија патува во Конференциската лига. Третиот патник во евро куповите ќе биде одреден преку Купот на Македонија.
По крајот на сезоната доаѓа и нов тренер, затоа што Гоце Седлоски ќе ѝ се посвети целосно на репрезентацијата.
Миленко Неделковски најави премија за фудбалерите од 250.000 евра, како и одмор до 8 јуни.
Три дена подоцна екипата ќе замине на подготовки во Норчиа, Италија, а амбициите за следната сезона се двојна круна.



