Анатолиј Тимовфејевич Фоменко, е математичар од Московскиот Универзитет и член на руската академија на науки и тој е еден од главните поборници за радикална ревизија на човековата историја.
Фоменко верува дека пред 11-от век не постои никаков пишан документ за човечката историја и дека најголемиот дел од она што го знаеме за античката историја на човештвото (и се' што се случува пред 11-от век), се базира на текстови и копии од текстови напишани од почетокот на 11 век.
Од тој момент историчарите користат претпоставки и арбитрарен консензус за да ги одредат клучните настани во историјата. Правејќи го ова, тие калемат некои скори настани на многу порани датуми, и притоа создаваат "историски дупликати."
Според хронологијата на Фоменко, настаните од Новиот Завет му претходат на оние од стариот завет, и најголемиот дел од приказните се изменети за да содејствуваат со местењето на датумите. Меѓу примерите за неговите забелешки на хронологијата се:
- Јованка Орлеанка е моделот по кој е создаден библискиот лик Дебора.
- Исус бил распнат во Константинопол во 1086-та година.
- Египет, Рим и Грција се смислени од ренесансните писатели и уметници (а добата на фараони траела до 1700-те).
- Аристотел го подучувал Александар Македонски, кој бил цар, во Москва, во 1400-те.
- Раната англиска историја (заедно со прифатените имиња, датуми и легенди како кралот Артур) е копија на византиската историја од 4-от век, која пак е измислена и се базира на настани од крајот на Средниот век.
"Оваа (неговата) верзија на настаните е докажана од цврсти факти и логика - валидирана од астрономски истражувања и статистички анализи на антички извори - до многу повисок степен отколку што било што до сега сте прочитале или чуле за историјата," објаснува Фоменко.
Тој својата верзија на историјата ја објаснува во колекција од 7 тома "Историја: Фантазија или наука?" која почнува со цитатот од 1984-та на Орвел "Тој што го контролира минатото, ја контролира и иднината. Тој што ја контролира сегашноста, го контролира минатото."