Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Откако во Хрватска му откажаа концерт на Бајага, Рамбо сам го откажа својот

18 јули 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Со оглед на тоа што не се исполнети сите услови за настапот, го откажавме концертот на фестивалот во Солин. Се надеваме дека услови за свирка ќе бидат исполнети во иднина“, напиша Рамбо Амадеус на својот официјален профил.
  • Ваков потег доаѓа како солидарност со Бајага чиј настап во истиот град беше откажан затоа што неговото гостување ги вознемирувало здруженијата на хрватските бранители. Слични реакции во Хрватска предизвика и најавата за гостување на Брена.
  • "Ако ти не си подобен, ни јас не сум," му рекол Рамбо на Бајага.
  • "Во Хрватска постојат голем број долгогодишни традиции кои се многу тешки за искоренување, иако досега требаше да бидат далечно минато. Една од овие целосни бесмислици е необјаснивата желба да се бараат забрани за концерти на уметници што не ни се допаѓаат", пишува Хрвоје Марјановиќ.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
5

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

6

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
7

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
8

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

5

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

6

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Свет
7

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

8

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Знаевме дека нема да се застанат само на ваучери

Блазе си ѝ на таа фамилија

Данокот на тоа секој ден да коментираш срања

Кумановско работно време

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy