Вардар разочара на својот роденден

Горчлив 79-ти роденден на Вардар кој ја загуби европската битка против Рига во првиот меч од квалификациите за Конференциската лига.

По поразот од КуПС во квалификациите за ЛШ, Вардар го загуби и вториот европски натпревар пред своите навивачи.

Рига од Летонија слави 2:3 во второто квалификациско коло од Конференциската лига и со предност ќе го пречека македонскиот првак на 28 јули.

Домаќините беа без повредениот Дарко Велковски, чие место го зазеде Филип Најдоски. Резултатот го отвори Диего Кастањеда во 28. минута, но радоста за Вардарци траеше многу кратко.

Гостите го преземаа водството со головите на Орландо Гало и Иако Сикера во 35-та и 39-та минута. Давор Талески киксираше на голот.

Во вториот дел Закариќ мајсторски асистираше до новото засилување Герсон Родригеш, кој со прецизен удар со глава израмни на 2-2.

Конечните 2:3 ги постива Иаго Сикера во 81. минута кој беше двоен стрелец на средбата.

23 јули 2026 - 08:41