Документарецот има нови сведоштва на живите членови на Клеш, некои ексклузивни снимки како и досега необјавено интервју со покојниот Страмер. Интересно е што во документарецот се открива и онаа штреберска и индустриска страна на групата.
Да речеме, Страмер признава дека добар дел од она што го работеле повеќе било "мавање во темница" отколку смислено артикулирање на нивните филозофски и политички погледи и ставови.
И кога раскажува за тоа време, помалку му фали свирката а повеќе играњето фудбал со другарите од бендот. И што не се дружел повеќе со Јан Дјури.
Енивеј, пет парчиња за првите пет албуми, за среќа, без последниот албум Cut the Crap кој сите сакаме дa го заборавиме:
* Како ја правевме London Calling