Мик Џонс (58 години): Првичната инспирација за "London Calling" не беше британската политика. Беше нашиот страв дека ќе се удавиме. Во 1979-та читавме наслови дека водата ќе надојде и Темза ќе го поплави градот.
Пол Симонон (57): Во 70-тите, кога го формиравме бендот, во Британија имаше многу тензии, штрајкови, економски хаос. Имаше многу агресија кон секој што изгледаше различно, особено кон панкерите. Заради тоа Клеш ни звучеше како добро име. Пред "London Calling," немавме ни менаџер ни простор за вежбање. Свиреввме во една гаража.
Џонс: Ама напорно вежбавме секој ден. Паузиравме попладне за да се префрлиме на игралиште и да играме фудбал. Тоа ни беше како тим-билдинг. Имавме силно чувство за заедништво.
Џо Страмер живееше во зграда покрај Темза и стравуваше од поплава. Направи 2-4 верзии на текстот се додека песната не стана предупредување за пропаста од секојдневието. Бевме пред глобалното затоплување, нели?
Стихот за лажната битлманија се однесуваше на сите оние мали фејкерски групички кои звучеа исто во Лондон тоа време. Ние бевме фанови на Битлси, на Ху и на Кинкс, но сакавме римејк од тоа. Сакавме "London Calling" да звучи сирово, природно. Пораката ни беше ургентна - работите ќе се распаднат.
Кога го имавме текстот, почнав да правам музика за него. Два акорда ми правеа проблем но се навежбав како да го измамам малиот прст за да ги менувам мазно.
Топер Хидон (58): Кога Мик почнува со гитарата, истовремено почнувам јас на тапани. Музички сум растен на џез и соул па сакав да го размрдам тоа марш темпо. Прво свирам стрејт па одам на 16-тинки а кога ќе почне рефренот со "The Ice Age is coming," додавам малку свинг.
Симонон: Јас сакав бас линијата да ми биде своевидна декларација од типот: Еве сме ние! Моето големо музичко влијание е Лирој Сиблс, басистот на реге бендот Хептонс.
Џонс: Имато на песната дојде од Џо. Како мал, неговите се преселиле во Германија и тогаш првпат ја слушнал фразата "London Calling," на радио. Би Би Си тоа со години го користеше за почеток на своите вести за странство.
Хидон: Песната ни зеде неколку недели додека ја испегламе. Финансиски не стоевме сјајно и нашиот трет албум мораше да помине добро за да не дојдеме во проблеми со дискографската куќа. Работата ја комплицираше и желбата тоа да биде двоен албум.
Џонс: Снимавме во студиото на Бил Прајс, во август 1979-та. Бил нè смести во тесен круг во студиото кое порано бил црква.
Симонон: Продуцентот Гај Стивенс ни беше многу важен, и музички и емотивно. Еднаш беше прашан да го опише својот стил и тој кажа: "Во светот постојат двајца Фил Спектора, јас сум еден од нив". Доаѓаше за време на снимањето да ја подигне атмосферата. За таа цел знаеше да крши столчиња од ѕид. Џо свиреше на пијано а Гај мислеше дека не треба тоа па му истури цело шише црвено вино на прстите додека свиреше.
Џонс: Малкумина се свесни дека моето гитарско соло на средина на песната е назачки. Го снимив и после го миксавме. Затоа го има она вуууш.
Хидон: Гај стварно додаваше магија во звукот. Кога некој ти мафта со скали околу глава а ти треба да продолжиш да свириш, знаеш дека музиката е прилично жива. Еднаш оцени дека имаме добра верзија. Јас не мислев така и му реков дека песната ја забрзуваме. "Цел рокенрол забрзува!" рече тој. Сфатив дека добар продуцент остава несовршености на некои места.
Џонс: Бил Прајс го додаде ехото и топовите. Го додадовме и Страмер со неговите крици на галеб што беше под влијание на Отис Рединг и "Dock of the Bay." Секој музичар си го носи своето минато со себе. Морзеовата азбука на крајот е моја. Оставив отворен само еден пик-ап и го имитирав звукот на Би Би Си за крај на програмата.
Симонон: Фотографијата од мене за омотот на албумот е фатена додека свиревме во Паладиум во Њујорк. Звукот на сцената беше очаен и се мачев да си го слушнам инструментот. А публиката главно седеше па претпоставив дека или не им се бендисуваме или обезбедувањето не ги пушта да играат. Фрустрацијата ја истурив на мојот бас. За жал, до крајот на таа турнеја морав да го користам резервниот бас кој не беше толку добар. Фотката ја сними Пени Смит, Џо предложи да ја искористиме. Каков ми е денес темпераментот? Подобар ама не е излечен. Го контролирам. Речиси. Се случуваат работи.