Се работи за кочанскиот споменик на слободата, еден импозантен објект изграден 1981-ва година, на кој доминираат огромните мозаици на Чемерски.
Порано имало струја, функционирало сè како што треба. Денес не. Но, затоа има ентузијасти и екологисти а ги има и дечките од бендот "Пинк Флојд проект Македонија" на кои ова им е омилена точка за збирање. Сите тие заедно некако го одржуваат местото да не стане комплетна руина.
Затоа одиме со онлајн кампањата (ТУКА) за собирање донации од луѓе што сакат да помогнат да се стави струја, односно струјомер, а тие како бенд да организираат концерт (со песни од Пинк Флојд), на кој на природниот амбиент ќе му додадат ласери, видео проекции, огномет, дим машини, силно озвучување итн. И во фаза кога ќе соберат доволен број на финансии, со договор со општината, тој струјомер да остане трајно таму за да може и понатаму да се користи за други случувања. Може да се донира одредена сума на пари директно преку картичка или Пејпал, а има опција и за фирми.
А сега, вратете се на линкот од погоре, кој колку може нека даде па се гледаме најпартизански во Кочани!
Ова е бендот: