Мики Комита: Немам никаква лична емоција кон оваа титула

Кога некогаш би го подигнал овој шампионски пехар, веројатно ќе се рефлектира празнината, темнината, болките, страдањата, илјадници тивки битки водени во тишината...

Додека трае последниот натпревар на Вардар сезонава (од кој сум отсутен), да си кажам мислење и став...

Титулата е на играчите, на тренерот и комплетниот стручен штаб, на управата, на економот, секретарот, на спонзорите, па дури и на навивачите... Тие се оние кои имаат дирекни заслуги, фактички резултати, уживаат плод од нивната работа, видлива и недвосмислена. И кога ќе се подигне трофејот, тогаш ќе блесне светлината, ќе стане огледало на реалноста во која секој ќе може да се види себеси внатре, да се погледне и да открие колкава е сопствената тежина, личниот придонес.

Можам да помислам барем за момент дека оваа титула е моја, но едно е што не сакам, а друго што нема видливи резултати кои ќе укажат дека тоа е така. Нема видлив момент на кој ќе можам да се повикам за да ја потврдам таа теза, а дури и да имаше нема желба во никој случај тоа да го искористам.

Мојата борба е во енергијата, фреквенцијата, вербата, љубовта, вистината... Мојата победа е во тоа што Вардар е во светлината на секојдневието, во моментот на желбата за осознавање и сопственото препознавање во успехот, затоа што тоа стана важно, затоа што конечно Вардар е вистински во фокусот на јавноста.

Кога некогаш би го подигнал овој шампионски пехар, веројатно ќе се рефлектира празнината, темнината, болките, страдањата, илјадници тивки битки водени во тишината... Но борбата во тишината, надвор од фокусот, далеку од наративот, нема да сведочи, она што очите не можат да го видат, ниту срцето почувствува, кога совеста не е целосно будна, не можат да послужат како докази. И доколку се држам до фактите и вистината, со ладна глава и воздржани емоции, не можам да тврдам дека е нешто мое, а притоа да не изгледам несериозно кога тоа би го образложувал. Недостигаат аргументите, сведоците се неми...Невидливата борба е непризнаена, како да не се случила, иако во себе ги носи раните и лузните од водењето на тие безмилосни и бескомпромисни битки. Битки со самиот себеси пред оние со надворешните предизвици.

Завесата се спушта денес, но предходно многумина ќе се впишат себеси во успехот, без да сакаат да видат што ќе рефлектира, други пак ќе ја видат вистината но ќе ја прикријат со насмевка пред фотографиите, со нив ќе сакаат да се надградат, во историјата да вметнат сопствена реалност. Ако.

На крајот на денот титулата ќе блесне од витрините покрај останатите трофеи на Вардар освоени низ историјата. Тоа ќе остане и така ќе биде запишано.

Никој нема да праша, никој нема да се бори да докажува, да ризикува да стане ревизионист на победничка историја. И не треба. Така нека биде.

Титулата не е моја, немам никаква лична емоција кон истата, само како Вардарец, титулата е на Вардар, и тоа ми е доволно.

Вардар е шампион !

Се одјавувам, до некои (по)убави времиња.

Виа

Комити: Во влада ни рекоа или Миленко ќе биде во ФК Вардар или Вардар нема да постои

27 мај 2026 - 10:15