Лесно е да си iГенерал после битка

Сега е лесно да се тврди дека промоцијата на ајподот на Епл беше "првата пушка" во револуцијата која следеше, меѓутоа, тогаш, на 23-ти октомври 2001-ва година, малкумина гледаа нешто битно во покажаниот вокмен. Еден од нив сигурно беше Стив Џобс. А друг, Бил Гејтс.

Не дека новиот Ајпед навистина не страда од недостаток на визија и вистинско лидерство какви што беа гаџетите во времето на Џобс (побрз е и потенок од четворката; и дец ит), но некогаш и кога пред очи се има чудо кое ќе ја смени играта, тоа не се гледа.

Таков е примерот на легендарната промоција во Купертино на тогаш најновиот производ на Епл, малиот Ајпод, со што и почнува биографскиот филм за Џобс, како несомнена пресвртница во кариерата и судбината на вклучените ликови и компании.

Но, во тоа време реакциите биле - поделени. Ајподот и онака не беше првиот портабл џубокс а Мекинтош имаше премалку корисници. На многумина ајподот им изгледал како мал чекор, а поради цената од 399 долари и како мал ама скап чекор.

"Се сомневам во способноста на компанијата успешно да продава кориснички уреди по вакви цени", пишал еден аналитичар.

"Фина работа за корисниците на Мекинтош ама за остатокот од Виндоус светот, ова не значи ништо", пишал друг.

"Очигледно е дека Епл сака да го следи Сони ама му недостасува богатството на понудата на Сони", гласела една од проценките на експертите.

Не помалку разочарани имало и меѓу фановите на Епл. Пар извадоци од тогашните форумски дискусии:

Е, многу револуционерно. Еј Епл, наместо да влегуваш во светот на трикчињата, зошто не потрошиш малку повеќе време на своите сервери?

па:

Е само ова му требаше на светот. Уште еден глуп мп3 плеер.

па:

Уште не ми се верува дека Епло дигна врева за нешто вака смешно. КОму му е гајле за мп3 плеер? Сакам нешто ново! Сакам да размислуваат поинаку! Ова е толку погрешно, толку глупаво!

или:

Ова ќе го укинат брзо, не е ни фукнционално.

Велат дека новинар кој присуствувал на промоцијата, дента на вечера му го однел новиот производ на Бил Гејтс. Првиот човек на Мајкрософт го разгледал, видел како функционира и рекол: Ова е добра работа!

Инаку, од новиот Ајпед не е одушевен ниту Стив Возниак, коосновачот на Епл. Тој рекол дека нема намера да ја купи оваа верзија бидејќи не му ги задоволува потребите; тој очекувал производ со барем 256 гига простор, бидејќи не секаде каде што оди има добар интернет за да стрима а сака во Ајпедот да ги има сите епизоди од својата моментално омилена серија Big Bang Theory.

 Пред 12 години:

24 октомври 2013 - 12:55