Таг: Стив Џобс

Стив Џобс на подкаст кај Џо Роган

Звучи неизводливо затоа што и е неизводливо, ама не и невозможно. Се работи за добро увежбана вештачка интелигенција која „преслушала“ илјадници часови епизоди од подкастот на Роган и од говори на Џобс, и двете ги споила во сосема пристојно парче муабет како за вештачка интелигенција.

Стив Џобс за консултантите

На предавање пред полн амфитеатар на МИТ, Стив Џобс изваден од памет од мнозинството консултанти меѓу присутните порачува: Ако ги немаш лузните од грешките направени како сопственик на нешто, си научил само делче од тоа што има да се научи.

15 години откако Стив Џобс на светот му го покажа Ајфон

„Ова е ден што го чекав 2,5 години,“ се зборовите со кои Стив Џобс на 9 јануари 2007 ќе ја почне презентацијата на која ќе го претстави првиот Ајфон во историјата. Неполни 15 години подоцна Епл стана првата компанија во историјата што ќе достигне вредност од 3.000 милијарди долари, главно на грбот на Ајфон и целиот еко-систем што го создаде околу него.

Стив Џобс живее во патент центар

Иако почина пред 6 години, Стив Џобс е едно од оние имиња од кои глава не може да крене американскиот завод за патенти. Од неговата смрт до сега има патентирано 141 изуми, повеќе отколку што некои иноватори имаат пријавено дур биле живи.

Третиот ко-основач на Епл

Во енциклопедијата на најпогрешната одлуки неговото место е гарантирано од моментот кога решава продаде 10 проценти од акциите на Епл за 800 долари. Денес, на 83-годишна возраст сака да нè увери дека ама ич не му е криво за тоа. Исто така денес, овие 10% би вределе 67 милијарди долари.

10 години од денот кога Џобс го претстави првиот Ајфон

9 јануари 2007, Макворлд Експо во Сан Франциско, Стив Џобс излегува на сцена во својата стандардна униформа и започнува со претставување на уредот кој комплетно го промени текот на технологијата и општо човештвото.

Промоцијата на Тим Кук е најлошата одлука на Стив Џобс

Во 2000 Бил Гејтс својата позиција му ја предава на Стив Балмер, кој ќе управува со Микрософт во следните 14 години. Балмер тука брилјира: успева трикратно да ја зголеми продажбата на компанијата, профитот за два пати, да извади производи како Иксбокс и Кинект и да ги купи Скајп и Јамер. Сепак Балмер успева и да ја осакати иднината на компанијата.

Сè што треба да знаете за Епл од Стив Џобс

Пред 6 години Стив Џобс дава изјава на една конференција, која е актуелна како да ја дал на прес по објавата на Ајфон 7, се однесува на тоа како и зошто Епл одлучува да откачи некоја технологија.

Фин филм за некој друг Стив Џобс

Арон Соркин направи интересен филм, ама тој не се однесува на Стив Џобс, пишува Валт Мосберг еден од тројцата новинари со кои Џобс има блиска соработка во текот на животот.

Како состанчеше Стив Џобс

Се проценува дека американскиот бизнис губи 37 милијарди годишно заради непродуктивни и генерално бескорисни состаноци. Стив Џобс беше човек кој не дозволуваше неговиот Епл да биде таква компанија. Три цаки со помош на кои тој состаноците ги правел супер продуктивни.

Знаете кој ви го даде Ајфонот?

Виктор Орбан панично шизи околу муслиманите кои ќе го променат карактерот на Унгарија, во Чешка би бележат како стока, во Грција маскирани и вооружени командоси им ги напаѓат чамците, во Словенија новинар би ги стрелал на граница, во цела Европа по сите линии расте ксенофобија....   

Војната за тоа кој беше Стив Џобс

На Волтер Исаксон му беше доверено да ја напише официјалната биографија за Стив Џобс. Книгата беше спектакуларен успех, се продаде во милиони примероци, и по пат го прослави и Исаксон. Меѓутоа приватно, најблиските на Џобс не беа задоволни од тоа како е прикажан основачот на Епл.

Како Стив Џобс ја уништи Финска

Изумите на починатиот основач на Епл имаат разорен ефект на финскиот пазар на труд бидејќи тамошните компании биле начекани комплетно неподготвени за тоа што се случило, барем така смета премиерот на Финска.

Како да разговараш со вистински тврдоглави луѓе

Лекцијата ја дава ко-основачот на Пиксар и претседател на Дизни, Ед Катмул, а тврдоглавиот човек во неговиот живот е - Стив Џобс.

Последната стратегија на Џобс за Епл

На една година пред смртта, Стив Џобс испраќа групен меил до 100-те највисоки менаџери во компанијата во која им ја поставува стратегијата за иднината на Епл. Тој најавува "пост ПЦ ера," бара "Света Војна со Гугл" и ветува "дополнително затворање на корисниците во нашиот екосистем."

Oбични луѓе што го запознаа Стив Џобс

Сведоштва од луѓе кои сосема случајно го запознале или биле во близина на Џобс, во најразлични ситуации од расправа за кусур на каса до решавање на проблеми од техничка поддршка.

Лесно е да си iГенерал после битка

Сега е лесно да се тврди дека промоцијата на ајподот на Епл беше "првата пушка" во револуцијата која следеше, меѓутоа, тогаш, на 23-ти октомври 2001-ва година, малкумина гледаа нешто битно во покажаниот вокмен. Еден од нив сигурно беше Стив Џобс. А друг, Бил Гејтс.

Митот за постојаната револуционерност на Стив Џобс

Во првиот викенд од излегувањето Епл продаде 9 милиони примероци од новиот Ајфон (рекорд), што не значеше дека Тим Кук ќе куртули од муабетот дека не е иновативен како Џобс и дека уште живее на стара слава.

Најдеталната приказна за отпуштањето на Стив Џобс

На конференција на Форбс (Global CEO Conference) во Бали, пред 400-те најмоќни луѓе на светот, меѓу кои и 50 азиски милијардери, поранешниот ЦЕО на Епл, Џон Скали, раскажа како Стив Џобс добил отказ од компанијата што ја создал.

"Џобс" и Возниак пак се скараа

Ко-основачот на Епл го гледал филмот за Стив Џобс и не би го препорачал на пријател. Ештон Качер тврди дека знае зошто.

Тајниот добротвор Џобс

Цели 20 години додека трпеше критика дека не давал пари во добротворни цели, Стив Џобс и семејството тајно донирале пари за најразлични каузи.

Последниот сон на Џобс од 5 милијарди долари

Последното појавување во јавност на Стив Џобс беше во советот на градот Купертино, за да ги престави плановите за изградба на новото седиште на Епл, во кое треба да бидат сместени 12-те илјади вработени и кое комплетно ќе го измени изгледот на плацот од 712.000 метри квадратни.