Роналд Вејн е третиот партнер на Џобс и на Вознијак, тој го запознава Џобс додека работи во Атари, а во Епл доаѓа за да се обиде да ги смири недоразбирањата меѓу другите двајца партнери. Вејн е и дизајнерот на првото лого на Епл.
Од кога си заминува во Епл, уште 3 пати се гледа со Џобс. Секој пат имаат ручек и секој пат Џобс му нуди да се врати назад во Епл. Ниту еднаш, не му нуди каква било доплата за тоа што така неразумно ги продал акциите.
За односот меѓу Џобс и Вознијак тој објаснува дека двајцата одлично се надополнувале еден со друг, "ама вака да ви објаснам ако имаш да бираш меѓу Стив Џобс и коцка мраз, ти би ја гушнал коцката мраз за малку да се стоплиш."
Од Епл производи Вејн нема ништо, ниту таблет, ниту Ајфон. За волја на вистината има еден ЛГ смартфон, ама и неговото користење е крајно ограничено и само го чува во кола за не дај боже.
"Дали жалиш за нешто?
Еднаш мораше да ја продадам мојата куќа во Флорида. Дали жалам за тоа што ги продадов акциите во Епл? Не, тоа е мојот одговор од денот кога ги продадов и тоа ќе биде мојот одговор додека не умрам. Има неколку причини зошто се одделив од Епл. Прво, мојата пасија не беа компјутери, туку слот машини. Цел живот имам пасија за нив и сакав да ги создавам.
Имав 40 години, тие беа во 20-те, и беше како да држиш тигар за опашка. Ако останев во Епл, ќе бев најбогатиот човек на гробишта. Бев во сенка на џинови, знаев дека како и да е никогаш немаше да ги добијам моите проекти и мојата пасија," објаснува Вејн во интервјуто за Мадерборд.