"Изгледа како луда урбана легенда: во Кина, возачите кои повредиле пешак во одредени случаи ќе се обидат и да го убијат. А сепак не само што е вистина, туку е и прилично чест настан," пишува Џефри Слант за Слејт.
Снимка на безбедносни камери од 2008-ма, покажува возач во бел Пасат, како со голема брзина удира во 64-годишна баба. Потоа се враќа во рикверц преку телото и главата. За потоа да стави во прва и да шлајфува преку жената. Ова продолжува уште неколку пати.
И покрај видео снимката возачот не е прогласен за виновен за убиство со намера, а тој се брани дека цело време мислел дека вози преку вреќа со ѓубре. Доби затворска казна од 3 години за "немарност."
Слант прв пат се среќава со овој феномен во 90-те кога работи како професор по англиски во Тајван. Тогаш еден колега му објаснува дека ако случајно удри некого, ќе се врати назад за да се осигури дека тој е мртов.
Објаснувањето на колегата е дека "ако осакатиш човек во сообраќајка, тогаш до крај на живот ќе плаќаш нега за него. Ама ако го убиеш, плаќаш само еднаш, нешто како надомест за погреб."
"Во Кина компензацијата за убивање на човек во сообраќајна несреќа е релативно мала - сумите обично се движат од 30 до 50 илјади долари - еднаш плаќаш, и работата е готова. За споредба, плаќањето за доживотна нега на преживеаниот може да чини милиони. Кинескиот печат пишуваше за тоа како еден осакатен маж добил околу 400.000 долари за првите 23 години од грижата. Возачите кои се решаваат да го убијат човекот што го удриле, ова го прават бидејќи е поекономично. Возачот на белиот Пасат кој ја уби бабата, плати оштета од само 70.000 долари," пишува Слант.
Целиот текст со уште неколку случаи.