таг: сообраќај

ЕУ, давај им брегзит и што и да побараат
Како што во цел свет ти треба дозвола за возење, така во Пекинг ти треба дозвола за да купиш кола

Дозволата за купување автомобил важи за сите жители на градот, богати, сиромашни, какви и да се, а се добива преку пријавување на лотарија за делење дозволи. Моментално има околу 2.000 кандидати за 1 дозвола. Повеќе

Луксембург пушти гага јавен превоз за сите, затоа што им се може

Наспроти тоа што се едвај нешто над 600.000 луѓе, Луксембург константно има проблем со сообраќаен метеж. И ова планираат да го сменат со воведување бесплатен превоз. Повеќе

Како човештво осудени сме на колони, и тоа е

Од наша перспектива булевари со 6 ленти во еден правец изгледаат како трајно решение на гужвите во сообраќајот. Проблемот е што она што се случува во Лос Анџелес во корен го сосечува ваквиот оптимизам. Повеќе

Украина ги користи своите најпознати писатели за кампања за безбедно возење

Украинските власти, заради големиот број сообраќајки, спроведуваат кампања, „Преземи контрола“. Главни авторитетни ликови во неа се - старите украински писатели. Повеќе

Калифорнија се групира околу станиците

За да го ублажи кусокот од станбен простор и истовремено да го намали користењето автомобили, државата планира значајно да ги олабави критериуми за градење, доколку се работи за градби близу автобуски или железнички станици. Повеќе

Торонто ќе прави самопридонес

Скопјани со самопридонес го изградија езерото Треска (ене го, запуштено) ама и одбија да дадат пари за трамвај (ене го, го нема), делумно од што се слепци, делумно од што на доцните социјалистички власти не можеше да им се верува каде завршуваат парите (оти па сега може). Неколку децении подоцна од нас, Торонто решава да ја проба таа „назадна“ идеја. Повеќе

Сингапур го замрзнува бројот на автомобили
Кој купил кола, купил

Малата островска град-држава во југоисточна Азија процени дека не може до бескрај да одзема земјиште за изградба на улици и патишта па реши од февруари да го замрзне бројот на автомобили кои циркулираат наоколу. Повеќе

Нападот е најдобра одбрана

Инженер по електроника од Орегон на надлежните органи им пишал дека открил грешка во системот кој ги регулира семафорите во државата. Овие го репнале со 500 долари казна. Тој нив ќе им се правел инженер. Повеќе