Непотребното возење во лева лента во САД е прекршок за кој се плаќа од 300 долари во Њу Џерзи, 500 во Индијана до 1.000 долари во Џорџија. Само во Вашингтон за една година биле поделени 14.000 казни по таа основа.
Сообраќајните познавачи велат дека дури и во земји во кои ова не е регулирано, базичната сообраќајна логика налага да не се вози лево освен кога се претекнува друго возило. Возењето лево, дури и кога е со максимално дозволената брзина на тој дел од патот ги прави останатите возачи нервозни и спремни на избрзани потези.
А таквите агресивни реакции во сообраќајот од типот "залепи му се", претекнување од десно и шетање по ленти е фактор во 56% од американските сообраќајни несреќи со фатален исход. Додуша, претекнување од десно таму не е забрането, но е забрането во Германија, Холандија и Франција.
Што е помлад возачот, толку е понетрпелив. Такви се 56 проценти од возачите на 20 и нешто години и само 14 посто од оние над 65 години.
Американската логика за казнување на оние што непотребно возат лево е едноставна: кој го опструира сообраќајот - нему казна. И во случај да вози со максималната дозволена брзина, не е негово да го регулира сообраќајот.
Едноставно, треба да се престрои десно и да се надева дека полицајците ќе го фатат 'манијакот'.
Полицијата во Вашингтон вели дека многумина возачи не се ни свесни дека непотребното возење лево се смета за прекршок. Некои од нив дури сметале дека "лево возат оние кои одат најдалеку".