Таг: возење

Каде одат тоа колите, а и ние со нив?

За 30 години ќе има 85% помалку автомобили отколку што има денес. Ама затоа бројот на часови поминати во автомобил ќе биде 400% поголем. Како тоа? Помислете каде во овој момент се наоѓа вашата кола. Чмае некаде паркирана. Зошто? Затоа што нема кој да ја вози. Тука сме.

Наводно решение за проблемот со возење во зима

Првите десетина минути од влегување во кола зимно време се чиста казна, по што следуваат неколку минути рај, и од тука до крај на возењето е пекол и потење и пцуење што толку си се наоблекол или па што си решил да намалиш температура како тоа да ќе ти помогне.

Луѓе како нас

Што прават луѓе како нас? Пишуваат и зборуваат на мобилен додека возат кола. Да, ама тоа другите, не ние. Документарецот „It's People Like Us“ на оскаровката Ева Орнер покажува дека тоа "другите" не постои, туку дека сите го прават тоа, и претежно без да знаат.

Човечките шофери ќе ги малтретираат автоматските

Иако повеќето луѓе се загрижени дека еден ден роботите, автоматиката и вештачката интелигенција ќе ги преземат работите во свои раце, извршниот директор на Мерцедес има сосема поинаква перцепција кој ќе биде за жалење.

За идиотите кои возат по лева лента

По нашите автопати такви ги има колку сакате. Заседнал тој на лева лента иако со километри нема никој пред него. Ама кај и да е во овој живот некој ќе се појави па и онака ќе треба да биде таму. Ах, да сме Џорџија.

Што е со моронот пред тебе?

Подобро и не можеше да биде склопено "перфектна комбинација на страв и претерана самоувереност предизвикува опасна ескалација од мали инциденти." Темата е возење и гнев зад волан.

Возачите што го видоа сопствениот погреб

Неколку луѓе (сите башка-башка) се договараат да се видат со другари. Заедничко за сите овие што ќе ги видите е што имаат по неколку казни за пребрзо возење. Веројатно после ова, веќе нема да имаат.

Дадилка на четири тркала

Половина британски родители признаваат дека редовно го користат автомобилот како средство за заспивање на децата. Таквото возење годишно ги чини 550 фунти.