Првиот човек на американската филијала за САД честопати е прашуван зошто толку бавно оди развојот на автомобилите кои сами се управуваат.
Според него, причина не е технологијата ("Таа брзо напредува"). Не се ни правните аспекти на регулацијата и осигурувањата ("Јас сум правник и верувам дека тоа може да се нормира") а не е ни навиката на потрошувачите ("Кој уште мисли дека е забавно да ѕензаш во колона додека е шпицот?").
"Луѓето се проблем", вели Дитмар Еклсер.
Поточно коегзистенцијата меѓу луѓето и автоматизираните возила. А тој однос не е јасно како ќе се одвива. Дури и во моментов да има сосема доволен број модели на автоматизирани возила, уште 20 до 25 години на патиштата ќе биде мешана ситуацијата - што човеч, што авто-пилот.
А во тој случај, многу веројатно е дека човеколиките шофери ќе ги малтретираат другиве, односно ќе ја злоупотребуваат нивната софтверска љубезност и почитување на правилата.
"Кога некој сака да влезе во лента, авто-пилотот ќе го пушти за да спречи несреќа или друг проблем. Човекот е поинаков, тој знае да се заинаети," вели Екслер.
Со други зборови, авто-пилотите ќе бидат програмирани да ги почитуваат правилата и да бидат добронамерни кон другите учесници во сообраќајот а човечкиот фактор ќе си остане со своите мани.
Се разбира, можно е и авто-пилот да биде програмиран за поагресивно возење но тешко дека тоа ќе помине кај регулаторите.
А и ние луѓето не сме сигурни дека би сакале да дозволиме автоматизирана конкуренција со наш табиет.