- Специјален трибунал во Бангладеш ја осуди на смрт поранешната премиерка Шеих Хасина, за обвиненија за злосторство против човештвото. На смрт е осуден и министерот за внатрешни работи Асадузаман Кан поради крвавото задушување на студентските процеси минатото лето, по кои беше соборена владата.
- Привремените власти тврдат дека во текот на јули и август 2024 година полициските сили убиле повеќе од 800 луѓе и раниле уште 14.000. Обединетите нации во извештај од февруари годинава заклучија дека загинале 1.400 луѓе.
- На Хасина и Кан им се судеше во отсуство. Тие лани побегнаа во Индија. Можат да ја обжалат казната само ако се вратат во Бангладеш и ако им се предадат на властите.
- И двајцата ги отфрлаат обвиненијата и тврдат дека „дејствувале со добра намера, за да се избегнат повеќе жртви“. „Изгубивме контрола цврз ситуацијата, но факт е дека тоа не беше планиран напад врз граѓаните“, изјави Хасина во првата реакција на пресудата.
- По соборувањето на режимот на Хасина, за лидер на привремената влада на Бангладеш беше назначен нобеловецот за мир Мухамад Јунус. Тој веднаш ја забрани владејачката партија и вети дека премиерката ќе биде казнета.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.