Немојдамејебеш

На насловната страница на еден македонски информативен сајт ни падна во очи следниов наслов: "Отворено писмо на Александар Петрушевски до амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс". Иако името на испраќачот, на прва топка "doesn't ring а bell", примачот е доста битен а и формата ("отворено писмо') е прилично драматична, па си викаш, мора да е нешто важно штом информативци го ставиле на насловна.

И, што има во отвореното писмо?

Човекот кажува дека тој и неговото семејство имаат мака, дека секој ден (секој ден?) испраќаат претставки до Собранието, дека се игнорирани и дека заради тоа тој ќе мора физички да се пресмета со пратеницитге од ВМРО ДПМНЕ.

Дека последново е всушност најбитната поента поради која текстот и е објавен, говори и тоа што токму тој дел е одбран како тизер за писмото.

Зошто оваа преписка е битна за јавноста?

Појма немам.

Со оглед на тоа што американскиот амабасадор е познат и релевантен лик, требаше некој на читателите да им даде плус инфо и за испраќачот, за да се знае 'о чему се ради' во ова отворено писмо. Бидејќи таа форма е резервирана токму за ситуации кога субјектите им се познати на јавноста а и темата е релевантна за неа (инаку, постојат писма на читатели, одјеци и реаговања и сл).

Овде имаме еден непознат пишувач со желба некого да истепа. Се разбира, сигурен е дека има право на тоа.

А испраќачот, оние што го следат Блогерајот, одамна го познаваат како "Индијанец". Тој е упорен, отворен, бескромпромисен, брутален и гневен дечко. И отсекогаш бил таков. Ако се зачитате, имате чувство дека е гневен на половина Македонија.

Еве дел од референците на авторот:

* Писмо до Метју Нимиц и Екатимерини!

* Тужба за плоштадот Скендер Бег!

* Тужба за случајот Маѓар Телеком!

* Јохан и Љубе љубовниците на Албанската мафија!

* Б.Ц. доби флеш у глава, само незнам дали е од коката или вискито!

* Копилиња измамнички!!!!!!!!!!!!!!!

* Да се уапси Предраг Ристич!!!

* Тужба против "Скопје 2014"и неговите креатори!

* Неверникот Дедо Стефан и криминалците!

* Оспорен Рамковниот договор пред Управен суд-Скопје!

И уште катаљарда слични постови. Петрушевски изгледа како да им има пишано на сите судови и институции во земјава, на планетава и пошироко (вкупно 1.600 претставки).

(особено е симпа што ваквите постови знае да ги стави во категории поезија, миленичиња, мистерии, љубов...)

Сепак, зошто оваа преписка e воопшто битна? Заради амабасадорот на САД или заради тепањето вмровци?

Појма немам.

16 март 2012 - 13:38