*******
Не е фашизам ако насила и без согласност му го смениш името на еден народ, ако му го оспориш правото на јазична, културна и историска посебност и ако ги поништиш државотворните решенија на Антифашистичко собрание по 4 год. антифашистичка борба? А фашизам е ако кажеш НЕ на ова?
Не е фашизам да наметнуваш нов нашоземјашки идентитет, да забрануваш симболи, да ги исмеваш, кодошиш, презираш и да ги сметаш за помалку вредни оние кои им значи името, преданието и народната култура? Ја ко учев, ова беше фашизам, а одлучното НЕ на ова, чесен и доблесен став.
Не е фашизам да живееш под константна закана за војна во "култура" на неказнивост како крајно понижен и обесмислен само заради тоа што, ебеш му мајката, си се родил тука и таков? Ја ко учев, ова беше фашизам. А да речеш НЕ, правдољубив и витешки став.
"Стрелањето" на #Апасиев, надвор од тоа што е дел од неговата промотивна јакобинска public persona, сепак, во срж е реторичка хипербола која има моќ да ги обезспокои одговорните за "културата" на неказнивост, правната несигурност, обесправеноста, селективноста и корумпираноста.
Оваа шашмосана локална 'cancel culture' на нашоземјашите е веќе толку очигледно банална што преставува заморно искуство да гледаш како единствена стратегија за справување со пунктовите на отпор им е да ги прогласуваат за фашизам, златни зори, наци и сл.
Караџа Бошко
@karadza999
************
Друга главна карактеристика ( на „wokе“ културата - н.з.) е комплетниот недостаток на чувство за хумор, проследен со еден невиден ентузијазам за душкање по прикриени непријатели и скелети во плакарот, една невидена желба за денунцирање и кодошење, страв од метафори („woke“ културата е 100% буквална), манија за колективистичко „гадење“ и пуританска недоверба во секое „прцање“ во аполитички контекст.
*************
Прелесното расфрлање со поимите фашизам и фашисти доведува до нивна инфлација - колку повеќе ги има во оптек, толку помалку вредат или нешто навистина значат. Наместо прецизна вредносна содржина, се добива обична навреда која зачестено служи за дисквалификација на политичките противници. А има нешто примамливо и во тоа што кога ќе го прогласиш противникот за фашист, во своите очи автоматски стануваш антифашист.
Од статијата: „Неподносливата леснотија на наоѓањето фашизми“