Како можеме да очекуваме емпатија во сообраќајот кога ја нема во општеството? Како да бараме почитување на сообраќајните правила кога правилата не се почитуваат во парламентот, министерствата, на конкурсите, во судниците? Ќе мора да си признаеме дека сообраќајната агресија не е проблем што може да се реши со камери или казни. Се решава со политика што го враќа достоинството, урбанизам што го враќа просторот, култура што ја враќа довербата и економија што ја враќа сигурноста на луѓето.