„По насоки на градоначалничката, решивме да формираме комитет околу прашањето за кохабитација,“ изјавила заменичката градоначалничка за јавно здравје, Ан Соури.
Задача на групата ќе биде да најде метод за справување со глувците кој ќе биде „ефикасен“ но не и „неподнослив“ за Парижаните.
Се работи за сериозно напуштање на досегашната агенда на градот за војна со глувците, која за 1,7 милиони евра годишно вклучуваше поставување на специјално затворени канти за отпад и обемно користење на отров за глувци.
Речиси и да нема период од историјата на Париз кога градот немал проблеми со глувци, од масовната чума што ја ширеле во 14-от век, до опсадата на Париз во 1870-71, кога станале главен извор на храна за тамошните жители.
Последниве години градот има популација од околу 6 милиони глувци која останува стабилна и покрај серијата штрајкови на вработените во јавна хигиена.
Во 2021 француски Тулуз, кој има сличен проблем, премина на алтернативни мерки па почна да користи ласици за уништување на колониите глувци на јавните простори.
Се очекува дека зголемените температури во претстојните години ќе ги направат градовите уште поатрактивни за напасти како глувци и стаорци.