- Комисијата за заштита на конкуренцијата со вкупно преку 17 милиони денари казнила десет осигурителни компании на тема осигурување од автомобилска одговорност, задолжителното осигурување кое секој сопственик на моторно возило мора да го плати при регистрација на возилото.
- Во периодот од 1 март до 7 мај 2024 година разменувале чувствителни информации, координирале активности и во исклучително краток рок донеле идентични или меѓусебно усогласени одлуки за зголемување на делот на премијата за вршење дејност, познат како „режиски додаток“.
- Ваквото однесување претставува ограничување на конкуренцијата. Размената на информации и паралелното донесување ценовни одлуки ја заменува независната деловна политика со координирано колективно дејствување на пазарот, што е строго забрането.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.