Џокер се одјави

Сабајлево (четврток, 13-ти февруари 2014) душата ја испуштил и телото си го смирил еден од последните олд скул десперадоси на скопската урбана сцена, Ѓорѓи Ѓорѓиевски Џокер. 

56 години, безброј филмови и дупло од безброј течни напитоци содржеше портфолиото на Џокер.

Возач, водач на снимање, организатор, секретар на продукција, набавувач на секакви чудесии кои се потребни на сет, сето тоа знаеше да го прави Џокер, и затоа работеше на огромен дел од македонските филмови во последните децении како и со странци од калиброт на Дримворкс, Лустиг или Устинов. 

Знаеше да договори цело село за снимање, да го пронајде единствениот човек на светот кој сè уште прави фудбалски копачки како оние во 30-тите години на минатиот век, сакаше да биде во филм а магијата за него не престануваше кога режисерот ќе извикаше: Стоп!

Меѓу два филма живееше и течно и ведро и скопски и сакаше да раскажува и знаеше да биде и забавен и досаден и шармантен и секаков.

И убав во тоа душата, мајку му! Наспроти сите отрови кои во себе ги сипаше, неговите приказни знаеа да бидат лековити за оној кој го слуша.

Режисерот сабајлево викнал: Стоп! Што го знаеш, можда Џокер сепак некаде ја продолжува својата магија...

Нека му е лесна земја.

Трендо и Офф.нет

-------------------------------------------------------

Б И О Г Р А Ф И Ј А

На Ѓорѓи Ѓорѓиевски ,филмски работник од Скопје

Роден сум на 18 март 1958 година во Скопје, каде што го завршив и целото мое школување. Имено по завршувањето на средното образование се запишав на Земјоделски факултет во Скопје, отсек хортикултура, каде што и дипломирав со просек 8,2 во 1984 год. Оженет сум и татко на две деца студенти.

Уште во текот на студиите почнав да се занимавам со организација на телевизија и филм,а од 1982 сум година работам како слободен филмски работник.

Во текот на мојата работа имам учествувано во продукција на над 100 македонски, странски и копродукциски филмови од разни жанрови како и телевизиски остварувања. Покрај вредните остварувања од домашната кинематографија што е видно од насловите од приложената референца, како илустрација би го спомнал филмот ПРЕД ДОЖДОТ лауреат на повеќе меѓународни филмски награди и признанија, ПАНКОТ НЕ Е МРТОВ добитник на многу мегународни награди и признанија.

Освен учество во домашните филмски проекти, поради мојата професионалност и исполнување на странските критериуми и стандарди и владеење на неколку странски јазици работев на истакнати функции во странски и коопродукциски филмови. Патем да спомнам дека соработував со познати филмски имиња од различни стручни профили, кои уживаат голем меѓународен рејтинг и углед.

Во телевизиската продукција учествував во најпопуларните серии како: БУШАВА АЗБУКА, ПОЕТСКИ АНТОЛОГИИ, МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПРИКАСКИ, а бев автор и на серијата АЈДЕ ДА СПОРТУВАМЕ.

Во својот развој, почнувајки од организатор, движејки се по својата професионална врвица, стигнав до помошник и директор на филм. Така бев директор на првата македонско австриска копродукција на филмот КАЛУГЕРОТ И СИРОМАВИОТ на австриската куќа ТАЛИЈА ФИЛМ во 1987 год. Директор на филмот НЕЧИСТА КРВ на СРБИЈА ФИЛМ во копродукција со ВАРДАР ФИЛМ. Потоа извршен директор на бугарскиот коопродуцент ЧАПЛАЈН ФИЛМ од Софија за филмот на ПОД ЗЕМЈА на ЕМИР КОСТУРИЦА, добитник на прва меѓународна филмска награда, ЏИПСИ МЕЏИК како директор на филмот,САРАЕВО на ДРАГОН ПИКЧРС, МИРОТВОРЕЦ на ДРИМВОРК како директор на локации итн.

Во прилог на биографијата ви доставувам и дел од опусот на моите ангазмани:

МЕМЕДЕ МОЈ СОКОЛЕ во продукција на ЈАДРАН ФИЛМ
12 ЖИГОСАНИ во продукција на ЈАДРАН ФИЛМ
АРТУР 4 во продукција на ЈАДРАН ФИЛМ
ЈАВАЧИ НА ВЕТРОТ во продукција на ЈАДРАН ФИЛМ
ЈАЗОЛ во продукција на ВАРДАР ФИЛМ
СРЕЌНА НОВА 49 во продукција на ВАРДАР ФИЛМ
ТЕТОВИРАЊЕ во продукција на ВАРДАР ФИЛМ
ХАЈ ФАЈ во продукција на ВАРДАР ФИЛМ
ОПЕРАЦИЈА ПАРАТРУПЕР во продукција на АРТ ФИЛМ
МИКЕЛАНЏЕЛО И ЈАС во продукција на МЛАДОСТ ФИЛМ
МЕДЕНИ МЕСЕЦ во продукција на МЛАДОСТ ФИЛМ
КОМПАНИ во продукција на ЈАДРАН ФИЛМ
ВИОЛИНСКИ КЛУЧ ТВ Нови Сад
ДВАНАЕСЕТ ЖИГОСАНИ во продукција на ЈАДРАН ФИЛМ
ПОДОБРО ОД БЕКСТВО КЛАПА 22
БЕГСТВО ОД ХОЛАНДИЈА во продукција на ВАРДАР ФИЛМ
КИМОНО ТВ Нови Сад
СНЕЖНО ПОЛЕ
НЕЧИСТА КРВ во продукција на СРБИЈА ФИЛМ
КОШТАНА во продукција на СРБИЈА ФИЛМ
ПОСЛЕДНАТА МАКЕДОНСКА САГА во продукција на ПЕГАЗ
ПРЕД ДОЖДОТ Милчо Манчевски во продукција на ВАРДАР ФИЛМ
АНГЕЛИ НА ОТПАДОТ Димитрие Османли во продукција на ВАРДАР ФИЛМ
МОЈАТА ЉУБОВ ЧАРЛИ ПАРКЕР Аљоша Симјановски
БЕРИЌЕТ М.Пановски
ЖОЛТИОТ ТРЕНДАФИЛ А.Митриќевски
ПРАШИНА Милчо Манчевски
ЏИПСИ МЕЏИК во продукција на ВАРДАР ФИЛМ
САРАЕВО во продукција на ДРАГОН ПИКЧРС
МИРОТВОРЕЦ во продукција на ДРИМВОРК
ПОД ЗЕМЈА -КУСТУРИЦА
КОСКИ НА Милчо Манчевски
КОНТАКТ ТАЈНАТА КНИГА – Плевнеш
СТАОРЕЦ –во копродукција на Бојана филм
ЧАСОВНИК Игор Иванов Изи
ПРЕВРТЕНО Игор Иванов
ЕДУАРД Грчка копродукција
ШИНДЛЕРОВА ЛИСТА-СПИЛБЕРГ
ЗВУКОТ НА 16 ПИЈАНА-АНГЕЛОПУЛОС
КАРАУЛА во продукција на СЕКТОР ФИЛМ
ТУРСКА СЕРИЈА РУМЕЛИЈА
ПАНКОТ НЕ Е МРТОВ Владимир Блажевски
ЧАДОР Вердан Тозија
ДО БАЛЧЕК Столе Попов
МАЈКЛ ЏЕКСОН ОД ШУТКА

Во мојот опус на работа се вбројуваат многу документарци и кратки филмови како и волонтерска соработката со ФДУ во организација на дипломски филмови по режија и камера.Со голем ентузијазам соработувам со сите почетници во консултација и реализација на нивните проекти .

Ѓорѓи Ѓорѓиевски

 

13 февруари 2014 - 18:49