
Она што овде консензуално се нарекува руска салата, во Франција, татковината на овоземните делиции и епицентар на најсуптилната гастрономија е познато како - македонска салата. Не зборуваме за овошната "македонска"(тоа е познато), туку баш за "руската".
Ако не ни верувате нас, верувајте му на Лудо Лефевр, еден од најпрочуените француски кулинари кој се смета за врв и во светската гастро сцена.
"Мајка ми ќе отвореше конзерва зеленчук, ќе го зaмиеше и ќе додадеше мајонез. Пораснав со македонска салата," вели Лефевр кој во моментов можете да го гледате на Kitchen24, како еден од менторите во серијата "The Taste" во која извршен продуцент (а и самиот ментор) е Ентони Бордејн.
Еве ја приказната: