Постои впечаток дека денеска луѓето се многу поотворени за нови вкусови и дека нашите непца се станати вистински авантуристи за вкусување нешто ново и необично.
Тикви со расол.
По сè изгледа нашата гастроотвореност се сведува само на географска љубопитност (уау, си пробал монголска храна?) или нови техники на приготвување (уау, си пробал бифтек во су виде?).
За сè друго, со тек на времето сме станале јако гадливи и рестриктивни.
Архивата се состои од 45.000 дигитализирани менија и е место во кое гурман или љубопитник би можел со часови да скита, листајќи по ставките на менијата кои ги има од 1840 година и од секакви објекти: од француски ресторани со Мишелин ѕвезди па до кинески прчвари за улична храна.
Во однос на 19 век, денес се конзумира многу скудна листа на протеини, тоест прифатливи делови и парчиња свинско, говедско или јагнешко месо. Ако не е апла месо или е недајбоже орган, денешен ресторан не го пипа тоа (чест на исклучоците).
Во преминот кон 20 век многу популарен бил јазикот (варен, киселен, пресуван, саламурен). Една њујоршка кафана нудела оброк кој се вика „Домино од јазици“. Истовремено, во САД многу популарна била и свинската коленица, едно благородно парче од кралот на животните кое со долго и тивко баење дава боговски уживања. Таа и денес добро стои, но во Европа но не толку и во Америка, кајшто евентуално може да се најде во некој кинески или германски ресторан.
Почетокот на минатиот век минува и во знакот на бубрезите, џигерот, мозокот, саламуреното говедско како и супата од желка која неколку децении подоцна сосема исчезнува од менијата. Во тоа време луѓето биле поотворени и кон пернатите створови, се јадело сè што лета (а не е магаре) а имало ресторани што нуделе и по 5 варијации на гуски, патки, фазани, гулаби и препелици.
Денешен просечен гурман радо би пробал пиле на корејски или киевски начин. Ама само ако види копан или препознае друг дел од пилето.
Дај му грклан, ќе се задави.
Архивата е тука
****
Можеби не сте знаеле, ама каурмата е одлична и за јакнење на имунитетот на организмот од напад на досадни новинари - види тука