Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Падна и системот на НСА

18 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • По прекините во авиосообраќајот и банките низ САД поради „технички дефекти“, вчера падна и внатрешната мрежа NSANet на Агенцијата за национална безбедност, преку која агентите за пресретнување комуникации разменуваат најстрого доверливи информации за надгледувани и прислушувани лица.
  • НСА синоќа ги затворила канцелариите за повеќето вработени, пропуштајќи само персонал кој е основен за функционирањето, додека се работи на враќање на мрежата.
  • Агенцијата категорично тврди дека прекинот не е предизвикан од надворешен кибернетски или хакерски напад, туку дошло до „привремено влошување на перформансите за време на планирано, рутинско одржување“.
  • „Иако беа зафатени одредени внатрешни системи, капацитетите клучни за извршување на мисиите остануваат целосно функционални и нашата способност за заштита на националната безбедност продолжува. Инфраструктурата на НСА е дизајнирана со повеќе нивоа со цел да се одржи функционалноста при планирани одржувања или неочекувани настани“, соопшти НСА.
  • Секретарот за внатрешна безбедност Марквејн Малин изјави дека неодамнешните прекини во функционирањето на системите во САД се поврзани со вградување на алатки со вештачка интелигенција. „Системите не се дизајнирани за брзината со која денес работи ВИ. Тоа создава преоптоварување и домино-ефект. Кога ќе промените еден елемент во куќата, треба да се сменат и сите останати делови“, изјави Малин.
извор

„Дојче банк“ криела трансакции за Епстин и руски олигарси

17 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Протекување на повеќе од 15 милиони внатрешни документи на „Дојче банк“ откри дека банката системски ги прекршувала прописите и во повеќе наврати овозможувала трансакции за олигарси под санкции, авторитарни режими и Џефри Епстин.
  • Во 2019 година, германската банка проследила сомнителни трансфери од 582 милиони долари поврзани со Епстин, кој истата година почина во затвор.
  • Во март 2017 година по грешка испратила до свој клиент детали за даночната пријава на американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговиот прв мандат и на уште 1.585 други корисници на сметки. Клиентот ја пријавил грешката и го избришал документот Пропустот бил прикриен од Белата куќа.
  • Досиејата исто така содржат детали за трансакции за кои има сомневања дека се перење пари за руски олигарси.
  • Записите откриваат дека банката не пријавила предупредувачки знаци за перење пари во Кипар, Британија, Хонг Конг и Украина, која префрлила стотици милиони евра преку нејзините системи.
извор

Уште 17 месеци затвор за Хашим Тачи

17 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Специјалниот суд во Хаг му изрече казна од уште 17 месеци затвор на Хашим Тачи поради попречување на службено лице, мешање во кривична постапка и непочитување на Судот за време на долгогодишниот судски процес што се водеше против него.
  • Судот ги прифати наводите од Обвинителството, според кое судењето за воени злосторства се одвивало во атмосфера на постојано заплашување, поради што некои сведоци ги промениле своите искази.
  • На лица што го посетувале во притвор во 2023 година Тачи им откривал идентитет на некои сведоци, доверливи информации за судењето и им давал упатства какви искази треба да даваат идни сведоци.
  • За обвиненија за попречување на правдата, изречени им се казни од 12 месеци затвор на Башким Смакај и на Фадил Фазлиу. 
  • Хашим Тачи на 16 септември беше осуден на 25 години затвор поради воени злосторства на Косово во периодот од април 1998 до јуни 1999 година, кога беше командант на ОВК.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Апокалипсата поминала во петокот

Наука
2

Добро е, сега имаме мислење и од нутриционист

Медиуми
3

„Подобрата Србија“ демонстрира простаклук

Балканштина
4

Блесокот на Елмас против Словенија

Фудбал
5

Книгата за Дарко Панчев заврши во музејот на Глазгов Ренџерс

6

Беља во најава

Македонштина
7

Да му се оди на Васко

Инфо
8

Агенција за вработување: Купиле систем од 2,7 милиони евра, не платиле за одржување

1

Апокалипсата поминала во петокот

Наука
2

Агенција за вработување: Купиле систем од 2,7 милиони евра, не платиле за одржување

3

Иран функционира поефикасно без ајатолах

Свет
4

Како државата нè ограбува без да ги зголеми даноците

Мислења
5

Уште 17 месеци затвор за Хашим Тачи

6

Чипсот со вкус на сланина се испречи меѓу Британија и ЕУ

Свет
7

Иран планира напад врз САД со „валкана бомба“?

Свет
8

„Дојче банк“ криела трансакции за Епстин и руски олигарси

* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

Добро е, сега имаме мислење и од нутриционист

Македонштина

Беља во најава

Балканштина

Заслужен одговор

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

И пак не сте задоволни

Животни лекции од Ентони Бордејн

Што е тајната на големите попусти

За туѓи пусти вегани

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy