Ако го гледаш Титаник наопаку, филмот е бајка за брод кој излегува од океанот и спасува еден куп луѓе што се дават.
Ако го гледаш Тор наопаку, филмот е за човек што одлично изгледа, го поправа мостот, ја посетува Земјата, и потоа полека се претвора во кретен.
Ако го гледаш Хари Потер наопаку, филмот е за институт кој полека ги лишува тинејџерите маѓепсници од нивните години и талент, се додека не ги остави без ништо за тие да мора да се откажат од маѓепсништвото и да се вратат да живеат кај своите родители.
Ако го гледаш Ајкула наопаку, филмот е за ајкула која ќе поврати толку многу луѓе, што ќе мора да се отвори плажа за нив.
Ако го гледаш Злобни девојки наопаку, филмот е за една девојка која станува толку непопуларна во училиштето што мора да се пресели во Африка.
Ако го гледаш Мадагаскар наопаку, филмот е за група животни на кои им досадува да играат со лемури, се заклучуваат себе си во кутии и се испраќаат во зоолошка.
Ако го гледаш Годзила наопаку, филмот е за семоќен гуштер кој помага да се изгради градот и потоа си оди во океанот.
Ако го гледаш Сеќавање на Титаните наопаку, филмот е како Дензел Вашингтон успева да растури една блиска заедница и да ја претвори во куп расисти.
Ако го гледаш Црниот Лебед наопаку, филмот е за танчарка која го лечи сопственото лудило спиејќи со Мила Кунис.
Ако го гледаш Убава жена наопаку, филмот е за жена чиј богат кретен од дечко ја присилува да започне со проституција.