Басара: Митот за студентите

Во рамките на тој маѓепсан круг  - а ние се наоѓаме во еден таков - младите мајмуни на крајот стануваат стари мајмуни, повторувајќи ги истите грешки што ги правеле претходните стари мајмуни и го нарекувале тоа традиција.

Уште на самиот почеток напоменувам дека во оваа колумна посветена на студентската митологија, нема да има политички призвуци или инсинуации за придобивките и штетите од протестите на студентите за српската историја и живот.

Не, работата е чисто теоретска. Станува збор за феноменологијата на митологијата на надежта во студентите и младите, што воопшто не е наша ексклузивност, далеку од тоа. Бесмртната надеж дека младите луѓе - а особено студентите - ќе го променат светот е општо место во светот, составен дел од политичката дрндања (од сите времиња и бои), искушение на кое не можеше да одолее ниту некогашниот најголем син на нашите народи и националности, Тито, кој еднаш изјави: „Народ што има таква младина не мора да се грижи за иднината на својата земја“.

Историјата и животот покажаа дека народот и тоа како требаше  да се грижи за иднината на својата земја, бидејќи во времето кога Тито ја изговорил цитираната мисла - некаде во средината на седумдесеттите години - сите оние што наскоро ќе ја распичкаат земјата биле примерни младинци, а некои и младински лидери.

Сите овие очекувања и сите овие надежи дека младите и студентите ќе го променат светот на подобро - некогаш и пожестоки од денес - будеа здрав сомнеж кај мојата безначајност, која тогаш беше во фаза на многу млад мајмун. Чекај, бе, си мислев, не беа ли и овие старци млади - многумина од нив и студенти - зошто не го променија светот на подобро, зошто чекаа, зошто - како што рече Балашевиќ - „рачунајте на нас“ ? И тоа - како што се испостави - без крчмарот.

И генерално, сите овие славопојки на младоста и студентаријата, спаѓаат во огромна област, која Хари Франкфурт ја истражил детално во својата „задолжително да се прочита“ книга „За просерувањето“ (On Bullshit).

Нема политика без просеравање  - така било, така и ќе остане - но политиката не може да се сведе само на просеравање, кое прави можеби 40% од политичката активност. Останатото е организација.

Е, тоа веќе е работа за студентите. Но, оние со дипломи, уште подобро оние докторирани, кои се во „најдобрата“ средна возраст и кои, покрај потребното знаење, имаат и многу животно искуство.

Ама, глејте сега беља: најголемата пречка за стекнување фундаментално знаење и животни искуства е токму просерувањето, општите просер места- како видовденската етика и естетика - пресметани да го овековечат статус квото, да ги сведе животните тикови на циклични талкања од немило до недраго, што обезбедува удобен паразитски живот за чуварите на статус квото.

Во рамките на тој маѓепсан круг  - а ние се наоѓаме во еден таков - младите мајмуни на крајот стануваат стари мајмуни, повторувајќи ги истите грешки што ги правеле претходните стари мајмуни и го нарекувале тоа традиција.

Да бев во фазата на млад мајмун и да се имам налапано луди печурки - - сега ќе ви скицирав „Road Map“ за излегување од маѓепсаниот круг во сто лекции. Но - како што рече Ѓинѓиќ - нашиот проблем не е што пропуштивме неколку лекции по историја. Проблемот е што не го запишавме курсот.

Светислав Басара

19 јули 2025 - 11:10