Шоу на Никола Јокиќ со 9-ти трипл-дабл сезонава

Лидерот на Денвер Нагетс игра неверојатна сезона. Синоќа во триумфот над Њу Орлеанс Пеликанс го забележа својот трет трипл-дабл учинок по ред, а вкупно 9-ти сезонава.

Денвер Нагетс славеше 125:118 на гости во Њу Орлеанс против Пеликанс а Никола Јокиќ уфрли 28 поени (10/18 за два, 2/4 за три и 6/7 слободни фрлања) со 12 асистенции и 11 скока за 34 минути на паркетот.

Трикратниот МВП најдобар играч на НБА лигата делеше асистенции во стилот на најдобрите додавачи во историјата на лигата:

Фантастична вечер имаше и младиот 23-годишен Пејтон Вотсон кој постави свој личен рекорд на кариерата со блескави 32 поени. Ова беше осми триумф на Денвер Нагетс на последните осум натпревари.

Џамал Мареј, најдобриот ортак во тандем со Јокиќ низ годиниве, синоќа имаше 14 поени од кои две најважни погодени слободни фрлања пред самиот крај кога Њу Орлеанс сериозни се приближи откако стопи негатива од дури 18+ коша.

Одличен беше и Јонас Валанчунас, Литванецот постигна 14 поени од кои две исклучително важни тројки кога Денвер ги одбиваше нападите на Њу Орлеанс за промена на водството.

Рукито Дерик Квин кој е центар, постави свој личен рекорд во НБА настапите со 30 поени и 9 скока. Тој прописно го намачи Никола Јокиќ и го натера да направи шести фаул на 2:44 до крајот и мораше да излезе од игра.

Треј Марфи уфрли 23 поени кај Њу Орлеанс Пеликанс а повратникот Зајон Вилијамсон даде 14 поени за 29 минути. Тој се врати после повредата поради која пропушти осум натпревари.

Во следното коло Денвер Нагетс му гостува на Хјустон Рокетс во петок вечер а Њу Орлеанс ќе игра кај Далас Маверикс исто во петок вечер.

20 ноември 2025 - 07:40