Балкан во детскиот мозок

- За што служи компјутерот?
- Тој служи мама и тато да не спијат веќе заедно.

КОЈ БИЛ ИВО АНДРИЌ?
- Тој бил ѕидар и го направил најголемиот мост на Дрина ама не му платиле.
- Тој пишуваше за една Елена, која ја изгубил па ја барал по камењата.
- Тој ги измисли сообраќајните знаци.
- Сите имаат по еден споменик а тој има многу.
- Тој е првата љубов на мама и кога се омажи за тато таа уште зборува за него, а на тато му е сеедно.

КОЈ СИ ТИ?

- Тоа ме прашуваат мама и тато кога ме тепаат а јас им одговарам дека сум нивно дете.
- Јас сум многу фино девојчe и многу убаво пишувам по чист ѕид.
- Јас сум дедо, бидејќи се викам како него.

ШТО НАЈВЕЌЕ САКАШ ДА ЈАДЕШ?

- Сè сакам, а најмногу грав до доколеница.
- Сакам и слатко од шливовица.
- Месо од пиле со дршка.
- Највеќе сакам купус од салата.
- Најмногу сакам да не јадам. А кога морам викам дека не сум гладен, дека ме боли увото, срцето или дека имам крајници во стомакот.
- Сакам џигер и други изнутрици.

ШТО СОНУВАШ?

- Сонувам разни сонови во боја.
- Еднаш сонував дека сум дебела. После се разбудив и добив ќотек. Мама рече "Ова не е постелнината на дедо ти во која можеш да мочаш кога сакаш."
- Сонувам дека сум Пепелашка и дека мојот принц е поубав од нејзиниот.
- Не е убаво да се сонува. Тоа го прават само оние што ќе одат во многу одделенија и ќе носат машна а после доаѓаат кај тато да барааат пари.

ШТО Е КАРАКТЕР?

- Тоа е спорт. Брат ми е карактериста.
- Тоа го видов во зоолошка. Има рогови ама нема опашка.

ШТО Е СЛОБОДА?

- Слобода е кога ќе ја прашам мајка ми дали може да земам чоколадо а таа ми вели - Земи слободно!

ШТО Е ДЕТСТВО?

- Тоа е мојот живот кога бев мал.
- Тоа го добиваме кога ќе се родиме па после минува.
- Детство е кога гледаш слики со жолта боја.

ШТО Е ПУБЕРТЕТ?

- Тоа е неизлечива болест. И време кога мустаќи ќе ти порастат преку ноќ.
- Пубертет е живот составен од глупости.
- Тоа е кога ќе престанеш да бидеш девојче и можеш слободно да се шминкаш.
- Кога сум со дедо секогаш збориме за девојките од тој пубертет.

ШТО Е ОДГОВОРНОСТ?

- Тоа е нешто што сите го бараат а никој не знае што е. Ни јас не знам.
- Слушнав дека тоа е нешто многу тешко, што не може секој да го носи.
- Одговорност е кога барам сладолед а тато вика "Не може".

КАКО СЕ ПРАВАТ БЕБИЊА?

- Тие се прават од бабиците на породилно.
- Срам ми е да кажам, бидејќи тоа е безобразна работа.
- Се прават навечер бидејќи мижат кога се раѓаат.
- Тоа е една глупава работа за која се добива детски додаток.
- Бебињата се прават од штркови или од зелка. Кој како сака.
- Бебињата се прават кога си добар па ќе ти родат брат а после тој е главен па џабе ти е што си добар.

ШТО Е ХОБИ?

- Тоа се стапчињата што ги јадев како мал.
- Моe хоби е да го расипувам телевизорот.
- Хоби на дедо ми е лажење на баба ми и фаќање риби.
- Хоби е нешто бесплатно што скапо те чини.

ШТО Е СОНЦЕ?

- Кој гледа во сонце без да жмури, ќе му се разболе учителката.
- Најубавото сонце е на море. Тоа таму живее и штом дојдеме прашува колку пари имаме.
- Јас сум сонцето на баба. Најверојатно сум тоа бидејќи и мама така ме вика.

ШТО Е ХОРОСКОП?

- Таму одев за да го гледам Хари Потер.
- Тоа е наука за која не се оди во школо.
- Хороскоп е она кога децата се исто облечени и пеат иста песна во повеќе гласови.

ШТО Е ВЕРОИСПОВЕД?

- Кој има вероисповед секогаш е чист, не лаже и редовно ги сече ноктите.
- Не знам за што служи ама тоа го добиваш одма штом се родиш.

ШТО Е ПАТРИЈАРХ?

- Тој е претседател на машките и женските попови.
- Тоа се луѓе кои чудно зборуваат за другите да мислат дека се паметни.
- Тоа е кога чичковци во одела лажат пред многу народ а овие им плескаат.

ШТО Е ЕВРО?

- Евро е кога на телевизија ќе победи "Лане моје"
- Тоа е исто како и еврокрем само во помала тегла.
- Слушнав мама како и вели на комшиката дека го гледала "Евро од оној свет".
- Тоа се најскапи пари што се купувааат кога ќе примиш плата.

ШТО Е ЈУГОСЛАВИЈА?

- Југославија е она кај што живееме ама веќе не постои.
- Тоа е држава од која настанале Србите.
- Кога нешто имаш па немаш, е тоа е Југославија.
- Тоа е сестра на некој Југослав ама не ја познавам.

ШТО Е НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС?

- Тоа е нешто што стално се издава.
- Нашите соседи го имаат а го имавме и ние па им го дадовме на нив.
- Тоа е каде и да отидеш да бидеш Србин.

ШТО Е КОМУНИЗАМ?

- Тоа се старци, на кои им се дерат бандо црвена.
- Тоа е некој пуст остров за непливачи.
- Тоа е само за возрасни. Децата ги боли стомак од тоа.
- Тоа е дедо ми кога бил млад и луд.
- Јас немам комунизам бидејќи постојано пијам млеко

КОЈ Е ДОКТОР НА НАУКИ?

- Тоа е доктор кој лечи науки.
- Доктор на науки е научно суштество.
- Тоа е оној што не носи бел мантил туку одело па е смешен.
- Toj не вика да отвориш уста туку само зборува.
- Тоа е некој што се маскира па не знаеш дали е доктор.

ШТО Е КУЛТУРА?

- Тоа е театар а мене често ме носат на култура.
- Тоа се добива дома а го носиш каде и да одиш.
- Тоа се сади на село па се продава на пазар во град.

ШТО Е ГЕНОЦИД?

- Тоа се оние филмови што се прикажуваа после полноќ.
- Геноцид го наследуваме од мама и тато.
- Геноцид е нешто што постојано се зборува а има врска со некој град од сребро.

ШТО Е КЛОНИРАЊЕ?

- Тоа е кога се нервира кловн.
- Тоа им се прави на овците а после и на нас.

ШТО Е МАФИЈА?

- Кога се крадат цреши тоа не е мафија.
- Тоа е една господска, многу платена работа.

ШТО Е ШОВИНИЗАМ?

- Шовинизам е кога некој се вика Специјален пратеник на високиот претставник на Обединетите нации.

ШТО Е ДРОГА?

- Дедо ми се дрогира. Он е дијаболичар и секој ден си дава дрога од шприц.

ШТО Е ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА?

- Тоа е кога една прашуваат а други седат и пијат Јелен Пиво.
- На тоа се малтретираат новинари.
- Кога некој сака нешто да излаже тогаш ја прави таа конференција.

ШТО Е АЕРОБИК?

- Тоа е сточен аеродром.
- Кога трчаш на музика а не си балерина.
- Да добиеш аеробик мораш да бидеш многу дебел.
- Во тоа веруваат само ружни тетки.

КАДЕ Е АМЕРИКА?

- Тоа се оние што не знаат каде е Србија.
- Таму живееа каубојци и Индијанци, ама се испотепаа и сега живеат само глумци.

ЗА ШТО СЛУЖИ КОМПЈУТЕР?

- Тој служи тато и мама веќе да не спијат заедно.

10 мај 2014 - 09:15