Примивте ли Фајзер и гледате ли добро?

Научници откриле дека ковид вакцината на Фајзер може да води кон оштетување на окото и губење на видот. Во случаите кои ги следеле и мереле, двете дози на Фајзер доведуваат до здебелена рожница и помалку ендотелни клетки во окото. На краток рок ништо страшно, но ако ваквите ефекти траат подолго, може да настанат сериозни проблеми.

Новата студија изведена од страна на турски научници конкретно испитувала како вакцината влијаела на рожницата на пациентите, проѕирниот преден дел од окото преку кој влегува светлината.

Биле мерени промените во внатрешниот слој на рожницата, наречен ендотел, пред пациентите да ја земат првата доза од Фајзер и два месеца по примањето на втората.

Резултатите покажале дека земањето на обете дози од вакцината довело до подебели рожници, помалку ендотелни клетки во окото и поголема варијација во големината на овие специјализирани клетки што го формираат ендотелот.

На краток рок, овие промени сугерираат дека вакцината на Фајзер може привремено да го ослаби ендотелот, иако пациентите не страдале од проблеми со јасен вид за време на студијата. За луѓето со здрави очи, овие мали промени веројатно нема веднаш да влијаат на видот.

Меѓутоа, ако се открие дека овие промени траат со години, тие би можеле да доведат до оток на рожницата или заматен вид, особено кај оние со претходни проблеми со очите или кај луѓе кои имале трансплантација на рожница. Подебелата рожница и намалената густина на клетките би можеле да придонесат за сериозни проблеми (едем на рожницата, булозна кератопатија или декомпензација на рожницата), што може да предизвика трајно губење на видот во тешки случаи, особено ако не се лекуваат.

 

20 јули 2025 - 20:15