Грција едноставно нема катастар. Нема пристоен попис и регистар на своето земјиште и во тој поглед е далеку полоша и од балкaнските земји иако во последниве две децении има потрошени стотици милиони долари за таа намена. Само ЕУ им има дадено 100 милиони долари за катастар пред Европјаните да се запрашаат каде отишле парите.
А од парите не се гледа многу бидејќи во моментов само 7 проценти од целата земја на Грција е уредно мапирана.
Илјадници случаи со кавги за земјиште, меѓи и слично со години се влечат по судовите а некои од нив немаат разрешница ни по една деценија. Државата првенствено ја занимаше данокот па го врза со сметки од електрична енергија но на тој начин само делумно го реши проблемот бидејќи во сивата зона останува земјиштето кое не се користи.
Експерти проценуваат дека ако се соберат сите тапии на основа на кои граѓаните мислат дека полагаат право на одредени парцели, Грција ќе испадне двојно поголема отколку што фактички е.
Сега крајниот рок за средување на оваа сфера е поставен за 2020-та година до кога Грција планира да потроши 1,5 милијарди долари.
Познавачите велат дека и рокот и сумата се премногу оптимистички.