Таг: еу

2024, годината кога ЕУ ништо не правеше

Изборите за Европскиот парламент и тежината на германските избори придонесоа Европската унија да биде дури и понепродуктивна од вообичаено, пишува магазинот Политико.

Русија од Калининград ги пореметила сателитите на ЕУ

Обвинението што доаѓа од агенцијата на О.Н. за комуникациска технологија е дека во руската ексклава Калининград се наоѓа  базата од која се нарушува работењето на сателитите што ја опслужуваат Унијата.

И Европа не знае баш кај тера со Русите

Русите кои на почетокот од војната избегаа од Русија во странство, сега се враќаат назад во својата татковина давајќи и значителен залет на руската економија. Од каде ваков наплив на патриотизам кај лица што пред 2 години избегале? Прашајте ја ЕУ.

За европските глобални планови требаат пари што никој ги нема

Европа сака да биде и зелена и конкурентна и коректна кон сите што живеат во нејзините граници. Моментално не само што нема пари за ништо од тоа, туку нема ни одговор од каде ќе се најдат истите.

Франција грга руски гас

Паралелно со јуначењето на Макрон со изјави дека ќе испраќа француски војници во Украина, Франција полека стана најголемиот увозник на руски гас во Европа. Само годинава земјата и има платено на Русија 600 милиони евра за природен гас.

Ќе ѝ дојде ли некогаш ред на Источна Европа да води?

Повеќе од 20 години откако влегуваат во Европската Унија и НАТО, источноевропските држави најверојатно и оваа изборна сезона ќе останат без ниту еден свој претставник на некоја од највисоките позиции во двете организации.

Северна Кореја ја сотре Европа

Само Северна Кореја многу поуспешно ги пополни руските залихи со артилериска муниција, отколку што сите неспоредливо побогати и поиндустријализирани членки на Европската унија успеаа да и се најдат на Украина во однос на клучната муниција на фронтот.

Трактори ја газат Европа

Во Франција беа испратени оклопни возила да го заштитат пазарот во Париз за продажба на земјоделски производи на големо, во Брисел земјоделци опколија згради на ЕУ, Германија беше блокирана од трактори, а на протести се кренаа и земјоделци од Италија и Грција.

Шолц го попратил Орбан по кафе кога се гласало за Украина

По неколкучасовна дебата меѓу украинските лидери околу отворањето преговори со Украина, германскиот канцелар му предложил на Орбан да излезе малку од салата, и ако сака да оди да пие едно кафе.

ЕУ тајно купила руски гас за 6 милијарди евра

И покрај галамата, ветувањата и муабетите што ги шири ЕУ, нејзините членки Шпанија и Франција се втор и трет по големина муштерија за руски гас во светот заостанувајќи само зад Кина. Членките на ЕУ само годинава и платиле 6,1 милијарда на Русија за течен природен гас.

Дали ЕУ ќе се распадне заради миграција?

Највисокиот дипломат на ЕУ стравува дека миграцијата би можела да биде „силата што ќе ја распадне ЕУ“ заради длабоките културолошки разлики меѓу европските држави и нивната долгорочна неспособност да се согласат околу заедничка политика.

ЕУ не лаже, освен кога ќе ја фатат

Европската Унија има своја мисија на границата меѓу Ерменија и Азербејџан каде се уште знае да се припука, и истата оваа мисија се најде сред едно такво припукување, па од нејзе познати причини реши да лаже.

ЕУ ќе гаси социјални мрежи кога народ ќе се крене против нив

Ако за време на немири во Унијата социјални мрежи не ги испочитуваат барањата од властите за бришење на за нив спорни содржини, тогаш истите овие власти ќе можат целосно да ги изгасат социјалните мрежи.

ЕУ се цареви за идеи

По беспоштедната борба која со години се води против прдежите од крави како би се спасила планетата (што полека мутира во што ќе ви е говедско, јадете скакулци), следната брилијантна мерка од ЕУ на темава е блокирање на Сонцето.

Шведска треба да се однесува како утре да ќе излегува од ЕУ

Земјата никаде не мрда од Унијата ама затоа што не знаеш што може да се случи сепак треба да почне да се подготвува за излегување од таму да не биде после начекана во небрано.

Првиот човек на ЕУ за летање и загадување

Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, има повисоки трошоци за патување од кој било негов претходник. Од кај него тоа го објаснуваат со обемот на работа што ја има, од сметководство тоа го објаснуваат со неговиот мерак на приватни авиони.

Европа не смее да попушти под притисокот и да стане „следбеник на Америка“

„Големиот ризик“ со кој се соочува Европа е да заглави во криза што не е наша, порачал францускиот претседател Макрон во интервју дадено во неговиот авион на заминувањето од Пекинг.

ЕУ за малку да донесе забрана за продажба на коли со ауспух по 2035

Членките на ЕУ го дадоа и последното одобрување за воведување на законот со кој во Унијата по 2035 нема повеќе нема да може се продаваат возила што испуштаат ЦО2 гасови. Целосното вадење на ауспусите го спречи Германија.

Естонија не може да дочека да почне да троши руски пари

Откако воведе санкции, ЕУ замрзна 300 милијарди евра руски државни резерви, и милијарди од сметките на други руски богаташи. Од тогаш ЕУ нема конечен став што ќе прави со парите и додека се труди да ги пофаќа сите краеви за сите членки да бидат задоволни и да гласаат за каков било план за трошење на руските пари, Естонија веќе се подготвува сама да почне со запленување руски пари.

Само за струја цехот на ЕУ од војната во Украина до сега е 1.000 милијарди долари

Најлошото околу финансиското страдање на Унијата заради цените на енергенсите е што тоа е само почеток на најголемата криза што се случила во последните децении, пишува Блумберг.

Америка, воен профитер

Баснословни цени на гасот, продажба на оружје и трговија во време кога Путин ја уништува Украина и се заканува дека ќе го уништи западното сојузништво се главните гревови кои ЕУ им ги препишува на САД.

За Европа кризата ќе трае, и енергетска и геополитичка

Вон Европа глобалното чувство за континентот се сведува на две емоции: воодушевување за тоа како се обедини да ја помогне Украина и да и се спротивстави на Русија; и преплашеност, дека бруталните економски проблеми ќе претставуваат тест за европската отпорност во 2023 и подоцна.

Русија може да предизвика надградена и проширена енергетска криза

Нуклеарната енергија беше неочекуваниот херој на првата енергетска криза од почетокот на годинава, за привремената утеха на ЕУ во нуклеарките да биде разбиена од податокот дека пак Русија е доминантен извозник на нуклеарно гориво.