Апетитот за патување на Мишел и неизбежните приватни авиони дури и на кратки дестинации се добропознати во Брисел. Претседателот на Европскиот совет посебно се отвора по крајот на ковид-19, откога го има прошетано цел свет во сите правци.
„Европските институции, дипломати и службеници се иритирани од скапите патувања на поранешниот белгиски премиер,“ пишува Ле Монд.
Весникот пишува дека буџетот на претседателот на Европскиот совет, за 2024 најверојатно ќе изнесува 2,6 милиони евра, што е 27,5% повисоко во споредба со 2023, што главно се објаснува со „интензивната меѓународна активност“ на Мишел.
Подетално објаснување околу покачувањето на буџетот директно побарале Германија, Италија и Полска.
За споредба, претходниците на Мишел, Холанѓанецот Ромпуј и Полјакот Таск, немаа буџет поголем од 1 милион долари, од кои максимум 500.000 беа за трошоци за летање.