ЕУ за малку да донесе забрана за продажба на коли со ауспух по 2035

Членките на ЕУ го дадоа и последното одобрување за воведување на законот со кој во Унијата по 2035 нема повеќе нема да може се продаваат возила што испуштаат ЦО2 гасови. Целосното вадење на ауспусите го спречи Германија.

Првиот човек на ЕУ за климатска политика, Франс Тимерманс порача дека од сега е јасна патеката на ЕУ, „во 2035 новите автомобили и комбиња ќе имаат нула издувни гасови.“

Законот до сега се влечеше во процедура заради спротивставувањето на Германија која сега се избори за тоа Унијата да изработи правна рамка за продажба на нови возила по 2035 кои работат на е-горива.

Успехот на Германија за сега не е сигурно какво влијание ќе има на автомобилската индустрија бидејќи производството на возила што возат на е-горива е минимално, главно затоа што даваат далеку послаби резултати и поголема потрошувачка отколку електричните возила.

Рамката за е-горива која ЕУ ќе треба да ја донесе до крајот на годинава ќе треба да најде начин да спречи моторите што работат на е-горива да бидат пренаменети за дизел или бензин.

 

29 март 2023 - 10:13