Ако Орбан не е вистински волен да се согласи со започнувањето на преговори за зачленување на Киев во Унијата, тогаш би било добро на кратко да ја напушти просторијата, му предложил Шолц на унгарскиот претседател пред колегите од ЕУ.
Шолц објаснил дека ова ќе им дозволи на преостанатите 26 членки на ЕУ кои остануваат на состанокот да го одобрат патот кон членство на Украина, кое според ЕУ правилата може да биде прифатено доколку еден лидер е отсутен, а во исто време Орбан и понатаму да може да изјави дека не гласал „ЗА“.
Откако двајцата дополнително разговарале на страна, Орбан ја напуштил салата, што им дозволило на членките на ЕУ да ја донесат одлуката за започнување на преговори со Украина за членство во ЕУ.
Едното изненадување од состанокот е разврската за Украина покажа дека цело ова време ЕУ всушност можела без согласност на една членка да донесе одлука за започнување на преговори, само ако била волна да ја замоли да излезе малку од соба, второто е што ова е и веројатно првата поголема победа на Шолц на ниво на ЕУ, чиј досегашен настап во Унијата главно се смета за разочарување.
Самите европски лидери и дипломати не се сигурни дека ваков потег до сега бил употребен на ниво на ЕУ.
Дури и пред да биде замолен да прошета, Орбан цел ден бил под притисок од сите 26 лидери на ЕУ кои групно ги покажале како неточни сите аргументи на Орбан против зачленувањето на Украина во Унијата.