Таг: олаф шолц

Олаф Шолц во Кина пречекан од заменик градоначалник

Својата кинеска турнеја германскиот канцелар, придружуван од чета министри и бизнисмени, ја почна во градот Чунцин, каде германската делегација на аеродромот беше пречекана од заменик градоначалниката на Чунцин и кинескиот амбасадор во Германија.

Толку беше од Шолц?

Германските социјалдемократи минатата година никако не успеаа да пркнат во рејтинзите, а анкетите покажуваат дека тоа што најмногу им смета на рејтинзите е нивниот лидер и канцелар, Олаф Шолц.

Шолц го попратил Орбан по кафе кога се гласало за Украина

По неколкучасовна дебата меѓу украинските лидери околу отворањето преговори со Украина, германскиот канцелар му предложил на Орбан да излезе малку од салата, и ако сака да оди да пие едно кафе.

23-часовен лет за 2 часа со кинескиот диктатор

Многумина го советуваа против, но канцеларот на време слета на аеродромот во Пекинг во петокот наутро околу 9 и 30, пишува германски Билд.

На Макрон и Шолц им дошла некоја снага

Двете држави кои периодов во глобални рамки имаат статус на „најјак во маало“, решија да кренат глава и да му се заканат, не на Путин или Кина, туку на својот најголем поддржувач и спонзор - САД.

Варуфакис удри по Шолц и германската економија

Да не паничиме, ама Варуфакис е загрижен и за тоа што Германија своеволно почна да субвенционира по дома и поради контроверзните планови на Шолц на Кинези да им отстапи дел од пристаништето во Хамбург.

Батали цената на гасот, ја гледа ли некој цената на донерот?

„Големи слики,“ „глобални тектонски промени“ и слични апстракции што се верглаат кога некој сака да ја натера водата на своја воденица, никогаш не ги земаат предвид актуелните страдања на поединци. А не дека ги нема, како што ќе види германскиот канцелар.

Германија со 200 милијарди евра ќе го брани народот од високи сметки

Германската влада ќе го реактивира фондот за економска стабилизација и ќе „направи се што може“ за да ги намали цените на гасот и струјата за претстојната зима, соопшти Шолц.

Шолц се врати со само еден танкер гас од арапската турнеја

Обединетите Арапски Емирати му гарантираат на Шолц и германската економија испорака на еден танкер течен гас, вкупно. Може ќе има и други, ама може и не.

ЕУ ќе се прошири кога ќе се укине еднаквото право на глас, и обратно

За да може Унијата да го издржи влезот на нови членки (а.к.а. Балкан), таа прво мора да пројде сериозни реформи, порачува германскиот премиер Олаф Шолц.

Нуклеарно освестен Шолц

Соочен со опасноста од премрзнување на народот и гасење на фабричките погони, германскиот канцелар порача дека продолжувањето на животот на германските нуклеарки всушност има смисла.

Шолц се сликаше со турбината за Северен тек 1

Турбината на Сименс за Северен тек 1 е стигната во Германија и чека Газпром да ја подигне или барем да ја побара.

ЕУ веќе не може да си дозволи национални вета на надворешната политика

Ако ЕУ сака да ја задржи лидерската позиција во глобалната политика (?), тогаш Унијата треба да раскрсти со националните вета кога е во прашање надворешна и безбедносна политика.

Германија сака да ја гледа Украина таму каде што е, вон ЕУ

Додека Украина ја китеа со кандидатскиот статус, Германија по приватни канали барала целосна измена на клучните спогодби за функционирање на ЕУ, стравувајќи дека членството на Украина ќе биде погубно за германската доминација во Унијата.

Олаф „30 илјади евра месечно“ Шолц

Од почетокот на следната недела се покачуваат платите на германските парламентарци и еден дел од Владата кој го вклучува и германскиот канцелар Олаф Шолц.

Зошто Германија е толку бавна во испораката на оружје за Украина?

Половина од Германците и сите држави сојузници веруваат дека германскиот канцелар може да направи многу повеќе за да и помогне на Украина. Прашањето на Шпигел е „тогаш зошто не прави?“

Германско предавање на власта

Шолц дојде, Меркел отиде. Буквално.