Пратката од 137.000 метри кубни ќе биде испорачана од на почетокот од 2023. Двете страни се договориле догодина нешто да направат и за дополнителни пратки, ама Шолц не успеал да извади никаков обврзувачки договор за тоа.
На страна гасот, она што успеал да го извади од Емиратите е договор за испорака на 250.000 тони дизел месечно во 2023, и инвестиции од Абу Даби во ветерници во северна Европа и Балтичкото море.
Шолц се сретнал и со саудискиот престолонаследник, ама од него извадил само ветување за идна соработка и увоз на водород, што не е лошо, но не врши работа околу денешната криза.
Во Заливот Шолц го посетува и Катар, каде разговарал исто така за водород и гас, меѓутоа како дел од долгорочна соработка која нема да почне во скоро време. И пред ова Германија и Катар со месеци преговараат околу снабдување со гас. Германија за сега не сака да потпише долгорочен договор со Катар по сегашните рекордни цени на гасот.