Франкфуртер Алгемајне Цајтунг ја пренесува изјавата на Шолц според кого војната во Украина како никогаш до сега притиснала врз ЕУ да стави крај на „себичните блокади“ на европските одлуки од страна на поединечни држави членки.
„Повеќе не можеме да си дозволиме национални вета, на пример во надворешната политика, ако сакаме и понатаму нашиот глас да се слуша во светот на конкурентски големи сили,“ изјавил Шолц.
Германскиот канцелар не ги признава обвиненијата дека Германија под негово раководство не е доволно активна во украинската криза. По негови пресметки, земјата направила сериозни промени по децении воено воздржување, плус Берлин станал поактивен на дипломатски план.