На 27-ми април 1945 година, партизаните го фаќаат Бенито Мусолини додека се обидува да пребега во Швајцарија со својата љубовница Клара Петачи. Само еден ден потоа, стрелан е заедно со уште 15 луѓе од неговата придружба по што гол и превртен на глава е изложен на јавен презир. Детал кој одново ги освежува дилемите дали дихотомијата добро-лошо е секогаш така јасна, дали крвожедните диктатори заслужуваат таков третман и како да ги оцениш нивните не помалку крвожедни егзекутори.