Повеќе во: Maкедонските песни во малку познатата француска збирка звучни цилиндри од 1900-те
********
А сега за она второто од насловот. Љупчо Зиков со идеја дека Македонците со векови живеат во заблуди кои ги кочат. Па ќе ни тргне ако катарзично се ослободиме од нив, небаре баш тие нè притискаат како тврда столица. Слушнете ја таа ослободувачка дијареја:
Прво и последно за фактографијата: Македонска крвава свадба не е новела туку драмско дело на Војдан Чернодрински. Примери со грабање девојки во турско се дебело документирани појави а и самиот Чернодрински има кажано дека драмата е пишувана по вистински настан кој го имало по весници.
За суштината: Митовите и симболичното не се она што ги кочи Македонците. Она што ги кочи е неказнетиот апашлук, фушерајот и говнарската поданичка логика по која можеби ќе замирисаш поевропски ако се посереш на сè свое.
Митовите и симболичното се фабрички делови на сите нации во светот. Аламо е мит, Ватерло е мит, химните се митови, хералдиката и преданијата се митови: англиски, француски, норвешки, хрватски, македонски...
Што инаку да остане за паметење, ако не се тоа љубовта на Цвета и Спасе, Илиндените, Ваташа, живеењето во Југославија, одвојувањето од Југославија...?
Дека со Минчо и Бучко сте правеле партија?
*******
Препорака за читање:
Со називот „кафеави сахиби“ во Индија под британска власт биле нарекувани оние Индијци, коишто фанатично биле приврзани на Британија, до бесвест љубеле сè што е британско, европејско, „белечко“, до хистерија мразеле сè што е индиско, „азијатско“, „домородно“. Кафеавите сахиби строго се облекувале по европски терк, до комичност ги имитирале манирите на британските господа, меѓу себе си комуницирале на англиски итн… Кафеавите сахиби најчесто произлегувале од рангот на оние Индијци што биле вработени од страна на Британците во нижите ешалони на колонијалната администрација. Инаку, самиот збор „сахиб“ (од арапско потекло што преку персискиот влегол во Индија), во значењето – „стопане“, „господару“, се употребувал во британска Индија како ословување што Британците, а и сите Европејци, очекувале да им биде упатувано од страна на Индијците. Оттука, изразот „кафеав сахиб“ бил смислен како ироничен назив за спомнатата класа на Индијци, којашто изигрувала „Британци“ и „Европејци“ пред своите сонародници. Инаку, придавката „кафеав“ е алузија на тенот на кожата типичен за Индијците, земен како контраст во однос на „вистинските“, то ест, „белите сахиби“. Феноменот на „кафеавото сахибство“ воопшто не претставувал нешто смешно. Кафеавите сахиби ги усвоиле до совршенство британските расистички предрасуди во однос на народот, кому и самите му припаѓале.
Игор Радев
Кафеавите сахиби меѓу нас и во нас