Цела генерација од 18-35 годишници шетаат наоколу со енергија, либидо, хормони и заштитни инстинкти за кои еволуцијата помина милиони години калибрирајќи ги за одгледување деца... но без деца.
Таа енергија не исчезна. Таа беше пренасочена.
Особено младите жени почнаа да се однесуваат кон идеологиите на истиот начин како што еволуцијата ги подгови да се однесуваат кон бебињата. Климатските промени, социјалната правда, каква и да е „каузата на месецот“- се бранат со истата бруалност на една мајка-мечка, истата неврохемија што некогаш го штитеше малото дете од предатори, сега ја штити апстрактната идеја од погрешно размислување.
Сега Илон Маск ветува дека изобилството водено од вештачка интелигенција ќе ги направи парите „бесплатни“, каков што сексот стана во 1970-тите.
И двата главни моркови на еволуцијата - парењето и стекнувањето ресурси одеднаш не ќе вредат речиси ништо.
Кога раѓањето и заштитата на децаta повеќе не е централен организациски принцип на возрасниот живот... и кога создавањето богатство повеќе не е потребно за статус, безбедност или привлекување партнер... Што останува за да му даде насока, значење и структура на човечкиот живот?
Дали сме на пат да станеме вид што измислува сè поголеми и поголеми змејови кои ќе ги убива, само за да се чувствува жив?
Или тонеме во целосна апатија?
* извор
Види и: