Епскиот пресврт на МЗТ со помош на мрежата од кошот

Кошаркарскиот свет зборува и се чуди на финишот на Литванците кои со три тројки за 10 секунди ја добија Велика Британија. И додека ФИБА на Твитер потсети на такви слични луди сценарија со Реџи Милер (1995) и Трејси Мегреди (2004), нас ни текна на Перо Блажевски.

Се работи за мечот меѓу МЗТ Скопје и германски Ратиофарм Улм, одигран на 2 октомври 1996-та во рамките на Еврокупот, само еден месец пред историскиот триумф над Реал Мадрид.

Металците беа во негатива од три поени (68-71) и имаа напад на 20 секунди до крајот, но Врбица Стефанов промаши. Гостите тргнаа во брза контра со забивање, по кое беше јасно дека мечот е завршен.

Но, топката некако, чудно и нејасно, излезе од кош, а тоа го искористи Перо Блажевски кој возврати со тројка и ја фрли во транс публиката во легендарната „лименка“, како што ја викаа аеродромци салата Јане Сандански.

Се играа продолженија во кои кошаркарите на МЗТ ја имаа психолошката предност и на крај славеа голема и незаборавна победа од 92:89.

За МЗТ на овој искориски меч настапија: Марк Дин (23 поени), Перо Блажевски (21), Ѓорѓи Књазев (16), Врбица Стефанов (14), Мирза Куртовиќ (11), Игор Михајловски (5), Тони Симиќ (1), Антонио Миневски (1), Слободан Петровски и Дејан Димов.

Нереален триумф на Литванија во Лондон со 9 поени за 10 секунди

Најлегендарното видео парче за македонската кошарка

28 ноември 2025 - 12:27