Не молчат сите уметници. Но интересно е она што го кажуваат кога ќе решат да прозборат.
Мене ми е заморно, досадно да читам за што тие дрндаат, тоа е едно јалово бапско верглање.
Нивниот дискурс стана дел од фолклорот. Со години наназад одбивам да мудрувам за процесите во општеството, не затоа што ми е страв туку зашто и кога зборувате против некого, несвесно го промовирате и го помагате, посредно зацврстувајќи му ги неговите позиции.
Така сте се фатиле на јадицата кои ја фрлил тој и неговите, само за да се зборува за него и за нив. Јас не сакам да зборувам за него и за нив.
Тие навистина треба да се игнорираат.